Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 03.02.2022 година четврток од 19:00 часот во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува играниот филм - „Сигурност“.

Кратка содржина:
Канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.
Година: 2019
Режија: Кармен Штадлер
Времетраење: 117 мин
Земја: Швајцарија
Жанр: Драма
Дистрибутер: КT Филм и Медиа
Возрасна Категорија: 12+

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
На 27.12.2021 година во Центарот за култура се одржа новогодишна детска претстава ,,НОВОГОДИШНА АВАНТУРА'' во организација на Општина Неготино и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, а во изведба на Театар „Златен Елец“ од Скопје.
 
   
Напишано од НУЦК
Категорија:

На 16. и 17.12.2021 година (четврток и петок) со почеток од 18:30 час. во

Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува играниот филм

за деца „Стакленото момче“, настанот ќе се одржи по сите протоколи

за заштита од CODIV 19 вирусот.

СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ

Времетраење / Runtime: 90’

Држава / Country: Италија, Австрија Швајцарија / Italy, Austria, Switzerland

Режија / Director: Samuele Rossi

Кратка содржина:

Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори

од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја

почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може

да живее како и секое друго дете.

 
Еве линк од IMDB за повеќе информации за филмот - 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:

Театарска претстава „Ноќите во бел сатен“ во режија на Томе Атанасов, а во изведба на аматерскиот театар при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

  

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 15.12.2021 година ( среда ) со почеток од 18:30 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, Аматерскиот театар при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија ќе гостува со тетарската претстава за деца „Бајка за бајките“ во режија на Димче Бањански. Настанот ќе се одржи по сите протоколи за заштита од COVID 19, влез само 50 денари.