Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 04.12.2018 (вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Помош ја смалив наставничката“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Филмот е одлична комедија и прифатлив  за мали деца и ученици не пропуштајте!

Кратка содржина: Помoш, ја смалив наставничката!

 

Училишна филмска авантура „Помош, ја смалив учителката“ за 11-годишниот Феликс, на кој никој не му верува дека ја „смалил“ неомилената директорка на училиштето. Режијата е на Свен Унтервалт Јуниор и трае 90 минути.

 

Дури ни самиот Феликс не знае како ја смалил директорката на само 15 сантиметри и дали има некаква врска со духот на основачот на училиштето. Тој сега има голем проблем за средување бидејќи минијатурната директорка се наоѓа во неговиот ранец каде се уште се расправа и го кара. Заедно со неговата директорка Ела и против ривалот Марио и неговиот татко, Феликс мора да се обиде да ја врати директорката во оригиналната големина. Ако само престане да досадува!