Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Европски филмови за млада публика

Здружението на филмски продуценти во Македонија, во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“ а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија го организира проектот Европски филм за млада публика. Неготино како еден од учесниците во проектот,  ќе прикаже три филма за млади од 15 до 19 години.    Проекциите за сите филмови се бесплатни!

На 18.12.2018 (вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Стрикер“ (Гол натрапник) (Streaker)  

Кратка содржинаУчител од средно училиште кој влегува во финансиска криза и изнаоѓа начин како да ја преброди истата. Сонува за брз живот, пари и шема која зависи од нелегални обложувања. Всушност тој самиот запаѓа во валкани игри.

Година: 2017
РежијаПитер Луиси
Времетраење
: 98 мин
Земја
Швајцарија
Жанр
Комедија/Спорт
Дистрибутер
Катавеј ДООЕЛ

На 19.12.2018 (среда) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажуваат филмовите „Young solitute“ - „Младешка самотија“ со почеток од 17:00 часот и  „Beside me“ - „Покрај мене“ со почеток од 19:00час. Не пропуштајте!

Кратка содржина: Клер Симон ни прикажува еден важен период од животот на секој човек, од 16 до 18 години. Сместени во едно париско предградие во средно училиште (за оние што се доволно среќни воопшто да одат на училиште), тинејџерки разговараат по и за време на часовите, седнати во школските ходници или надвор на некоја клупа, гледајќи во градот под нив. Клер Симот поставува кинематографски дијалог со тинејџерките, кои зборуваат за нивниот личен живот, за нивните семејства, но и за страстите и осаменоста.

Година: 2018
Режија: Клер Симон
Времетраење: 100 мин
Земја
: Франција
Жанр
: Документарен
Kатегорија: 8+
Дистрибутер: KT Филм и медиа ДООЕЛ

 

Кратка содржина:
Подземната железница во Букурешт е блокирана во утринските часови, само еден ден по ужасниот пожар во еден од ноќните клубови на главниот град со голем број починати или поврдени млади луѓе. Овој инспиративен филм на младиот романски режисер Теди Некула, на кој истовремено може да се гледа и како на социјален експеримент, претставува алегориска приказна за самиот свет и за односите во него. Луѓето тргнати на пат почнуваат да разговараат еден со друг. Што се случува кога времето, магично или механички, ќе застане за еден момент... или за половина час? Кога другиот сум јас, а јас сум другиот и кога времето „изгубено“ може да се претвори во време „добиено“ (пријател, искуство, разговор). На крајот на патот претворен во патешествие, некој излегува променет.


Година: 2017
Режија
: Теди Некула
Времетраење
: 84 мин
Земја
: Романија
Жанр
: Драма