Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 26 и 27 февруари (вторник и среда) 2019 година со почеток од 20:00 часот во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува играниот филм (трилер) : „Куќата што ја изгради Џек“, филмот ќе се прикажува во исто време во повеќе градови низ Македонија: Скопје Синеплекс, Битола , Прилеп и Струга. Не ја пропуштајте можноста да го погледнете овој трилер кој има оцена 7  на IMDb! Влез:100 денари.

The House That Jack Built (Куќата што ја изгради Џек)


Кратка содржина: САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

Времетраење / Runtime: 155’
Режија/ Director: Lars von Trier

 


линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt4003440/?ref_=nv_sr_1
линк од трејлерhttps://www.youtube.com/watch?v=BYF2tfdD1fA