Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 19 мај 2021 година (среда) со почеток од 19:30 часот ќе се организира Концерт на Македонски Брас Квинтет. Концертот ќе се одржи пред Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино доколку дозволат временските прилики, во спротивно ќе се одржи внатре во фоајето  Центарот за култура според сите протоколи за заштита од вирусот Ковид 19.

Македонскиот брас квинтет се појавува како иницијатива на млади музичари кои својата желба за музицирање во камерен состав ја почнуваат со Брас Квинтет од 2014. Составот, по менување на членовите, ја добива следната формација :

Александар Златевски – труба

Драган Младеноски – труба

Антонио Костевски - хорна

Димче Белчовски – тромбон

Александар Ниниќ – туба

Членовите на составот се редовни членови во оркестрите на Македонската Филхармонија и Македонската Опера и Балет, а како гости се појавуваат во националните оркестри на Косово, Албанија, Белгија, Црна Гора, Бугарија и други регионални оркестри. Школувањето го завршуваат на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а своето усовршување го продолжуваат на факултетите во Белгија, САД, Швајцарија и Бугарија. Љубовта кон камерното музицирање, почнува на академските години, каде освојуваат први и специјални награди на натпреварувања во Македонија и надвор од границите. Подоцна, по мала пауза поради професионални ангажмани, повторно ги спојува желбата за камерно музицирање и остваруваат повеќе настапи како : Концерт во Сити Мол по повод премиера на новиот филм Star Wars, Концерт во Кочани и Скопје (организиран со помош на Министерството за Култура), Концерт во Берово (поддржано од Министерство за Култура), Концерти во Македонскиот културен центар во Њујорк (поддржано од Министерство за Култура)  Концерт на Струмица Опен Фестивал и други концерти. Покрај овие настапи, членовите на овој состав учествувале и на проекти како : Феми Кути, Слушни книга, види музика, добиј книга и други капитални проекти како членови на матичните оркестри, а имаат запишано повеќе носачи на звук за големи филмски проекти како членови на составот FAMES.

  - Програма -

 1.    Don’t stop me now – Queen

2.    Let It be – Beatles

3.    More Beatles

·         I want to hold your hand

·         Yesterday

·         She loves you

4.    Hey Jude – Beatles

5.    Bohemian Rhapsody – Queen

6.    Imagine – Beatles

7.    Hard day’s night – Beatles

8.    We are the champions - Queen