Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Традиционално секоја година во дворот на Манастирот „Св. Ѓорѓи“ Неготино се одржува манифестацијата наречена „Неготинска поетска вечер“. На оваа манифестација учество ќе земат повеќе учесници од разни градови од Македонија, кои во прекрасниот амбиент во дворот на Манастирот ќе ги отворат своите срца и ќе се претстават со читање на своите поетски дела. Ве покануваме да дојдете да бидете дел од овој настан!

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 04.07.2019 година (четврток) со почеток од 21:00 часот локација Havana pool ќе се одржи традиционалниот Џез фестивал - „Jazz 1440“ влез само 50 ден.  Не пропуштајте Филип Стеваноски ќе има  промоција на најновиот албум, гости на вечерта Борислав Веслелинов, бендот - „Sax Bongas & Guitares“ и македонскиот Том Џонс - Ѓоко Ѓорчев!

Напишано од НУЦК
Категорија:

КУД „Јане Сандански“ при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино овие денови е на турнеја во Ајдин Турција каде што ќе се претстави пред публиката со своите најнови кореографии.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

06.06.2019 (четврток) со почеток од 18:00 часот цртан филм за деца синхронизиран на македонски јазик!  Влез само 50 денари! Донесете ги децата внучињата заедно со вас  да го погледаат овој прекрасен цртан филм! 

 Кратка содржина

Приказната е за Алекс, ученик во седмо одделение, кој е вљубен во Џесика, ученичка во осмо одделение. Неговиот однос со полубратот Шон и очувот Џон е напнат. Мангупот Глен од погорните одделенија ги малтретира Алекс и неговиот пријател Одисеј на училиште. Кога Стјуарт ќе се врати од патувањето во Тајланд, ќе му донесе специјален подарок – нинџа кукла направена од кариран материјал, која всушност е жива, односно е опседната со стар јапонски дух. Карираниот нинџа му помага на Алекс да се справи со школските проблеми: заедно ќе го победат Глен и Алекс ќе ја освои Џесика. Но, карираниот нинџа има мисија да му се одмазди на циничниот директор на фабрика за играчки, Филип Еперминт, кој убил дете кое работело во неговата фабрика во Тајланд.

Алекс не сака да биде дел од оваа крвна одмазда, но ветува дека ќе му помогне на карираниот нинџа, па почнуваат да се натпреваруваат меѓусебе. Алекс ќе го научи Нинџата многу важна лекција: дека крвавата одмазда не е ништо друго туку крваво злосторство и постои друг начин на кој може да му се одмазди на криминалецот без да ги извалка рацете.


Во 2019 година, филмот ја освои наградата за најдобар филм за деца и млади и за најдобро адаптирано сценарио на фестивалот Роберт, беше прогласен за најдобар дански филм на наградите „Зулу“ и беше номиниран за најдобар филм за наградите “Бодил”.
Данскиот комичар Андерс Матесен, кој е и режисер на филмот, ги урна сите рекорди на гледаност со новиот анимиран филм за опседнатата карирана кукла. Со скоро еден милион продадени кинобилети, „Кариран нинџа“ влезе во историјата како еден од најпродаваните филмови во данските кина. Не само што Андерс Матесен направил филмски хит, туку и песните од филмот се исто така хитови на данските музички листи.

Кариран нинџа (синхронизиран на македонски)
https://www.youtube.com/watch?v=5J84SkC2Z4A