Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 08.11.2018 година (четврток) на празникот „8ми Ноември“ - Ден на Општина Неготино пред почетокот на Свечената седница во холот на Центарот за култура „Ацо Ѓорев“ Неготино, ќе се организира ликовна изложба на нашиот сограѓанин кој Атанас Јанев аматер и голем вљубеник во ликовната уметност. Атанас ќе ни се претстави со неговите прекрасни ликовни дела кои ги твори со години наназад, а ги има во огромен број.

 

На 07.11.2018 година (среда) со почеток од 19:00 часот во очи на празникот „8ми Ноември“ - Ден на Општина Неготино ќе се одржи театарската претстава „Умри Машки“ во изведба на аматерскиот театар при Домот на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија, влез само 50 денари. Не пропуштајте!

      

 

 

Во салата на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ни гостува светски реномираната и позната музичка група „Баклава“. Концертот започнува во 19:30 часот, а влезот е само 100 денари! Не пропуштајте да го проследите овој несекојдневен настан и да уживате во прекрасните изведби на познатите македонски песни! 

Почитувани сограѓани, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ве информира дека на 25 септември (вторник) и 27 септември (четврток) со почеток од 19:30 час. во киното-салата на Центарот за култура ќе се прикажува ревија на Европски филмови. За истата влезот е слободен!