Даме груев бб,
1440 Неготино

На 23.04.2019 год. (вторник) од 18:00 час. во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира Литературно читање од ученици од ООУ „Гоце Делчев“ и подрачното училиште од Долни Дисан, а ќе бидат пропратени со музички точки во изведба на ученици од ОМУ „Владимир Арсовски“ Неготино. Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да присуствуваат на овој настан.

 

На 19.04.2019 година (петок) со почеток од 20:00 часот  во Арт Галеријата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино - Изложба на ликовните уметници Ѓурѓица Станоева, Мето Ангелов, Игор Мишев и Сашо Јанев од Неготино. Ги покануваме сите љубители на ликовната уметност да дојдат на отварањето на изложбата.

На 20 април 2019 год. (сабота) со почеток од 20:00 час. Премиера на претставата „Грев или шприцер“, во изведба на  Аматерскиот театар „Ацо Ѓорчев“ во Центарот за култура Неготино. Ги покануваме сите љубители на драмската уметност да присуствуаат на претставата, влез:100 ден.

 

 

На 01.04.2019 год. ( понеделник ) со почеток од 20:00 час. во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино театарска претстава на аматерскиот театар од Валандово со претставата Пиреј од Петре М. Андереевски, во режија на Кире Ѓорѓиев влез: 100 ден.