Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 03.12.2019 година (вторник) со почеток од 18:30 часот, игран филм за деца: „Двојна неволја и магичното огледало“ влез само 50 денари!

 

 

Кратка содржина:

Фридо е весело дете и исто како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзливо во училиште. Еден ден бегајќи од расправата на неговите родители, ќе налета на магично огледало на градскиот саем. Со помош на магија ќе создаде свој двојник - кој е совршен во сè што Фридо не е. Со помош на двојникот, кој е многу добар во училиште, Фридо почнува да има сè помалку обврски. Најпрво е многу забавно што дури ќе му ја каже својата тајна на најдобриот другар Емил сè додека сите соученици не се дознаат и направат сопствени двојници. Никој повеќе не оди на училиште, па откачените двојници почнуваат да доминираат. Оригиналните деца почнуваат да сфаќаат дека им недостасува стариот живот и одлучуваат да ги преземат работите во свои раце со поставување стапица што ќе ги натера двојниците навреме да се вратат во огледалото.

Режија: Маркус Х. Розенмилер

Сценарио: Нора Лемерман, Симоне Хефт
Продукција: VIAFILM GmbH & Co. KG

Продуценти Бенедикт Белхоф, Макс Фрауенкнехт

КинематограферШтефан Библ
УлогиЛуис Форбах, Јона Генслен, Маргарита Бројх

ЗастапникАРРИ МЕДИА

Дистрибутер за МакедонијаУзенгија Дооел

Награди: Kinder-Medien-Preis "Der weiße Elefant" – Best Film

Фестивали:

Zlín Film Festival 2019

Giffoni Film Festival 2019

На 22.11.2019 година (петок) со почеток од 19:00 часот во Арт Галеријата на НУ Центар за култура „Ацо Ѓочев“ Неготино ќе се одржи ликовна изложба на Илија Спасовски - Чендо. Ги покануваме сите заинтересирани за ликовната уметност да присуствуваат на оваа изложба.

На 15.11.2019 година (петок) од 19:30 часот во Центарот за култура ќе гостува аматерскиот театар од Гевгелија со комедијата - „КАКО ДА СЕ ОГРАБИ БАНКА“.  Проектот е поддржан од Министерството за култура, а  влезот е слободен! 

На 11. и 12.11.2019 година ( понеделник и вторник) во Киното на Центарот за култура Неготино - ПРЕМИЕРА - на филмот „ВРБА“ од Милчо Манчевски.
Почеток од 19:00 часот.
Влез: 100 денари.