Даме груев бб,
1440 Неготино

Ден со „Ханс Кристијан Андерсен“

 

30.03.2017 год. Ликовна работилница во Центарот за култура во соработка со училиштето „Гоце Делчев“, малите ликовни таленти цртаа цртежи на тема „Ден на Ханс Кристијан Андерсен“.

 

     

     

     

        

  

„ЕГЗИТ 2017 - ПОВРЗУВАЊЕ НА КОНТИТЕНТИТЕ

Во фоајето на Центарот за култура ќе се организира групна ликовна изложба на ликовни уметници од Кореја наречена ЕГЗИТ 2017 - Поврзување на континентите, отварањето на изложбата ќе биде од 11:30 часот.

 

 

 „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ ...“

 

Во Центарот за култура комедијата  „Првин ќе ме земеш после ќе ме ...“ во изведба на Театар Крик, во која главна улога ја има нашиот сограѓанин Роберт Ристов заедно со Мирјана Поповска Ристов и Дарко Велиќ во режија на Ѓорѓи Ризески. Урнебесна комедија која не се пропушта,  повелете на 23.05.2017 год. (вторник) од 19:30 часот, влез:100 ден.

 

 

 

Ревија на Европски филмови 2017

 

Во Центарот за култура ќе се прикажува ревија на европски филмови.

 

 

1. Wonderland (Земја на чудата)  на 23.03.2017 год. од 19:30 час. влез: 50 ден.

 

Кратка содржина:
Десет режисери од новата генерација на филмски работници прикажуваат  како различните луѓе во Швајцарија се справуваат со најлошата катастрофа што може да се замисли; да бидат зависни од други земји. 

 


Година: 2015
Режија:
  Лиза Блатер, Грегор Фреи 
Времетраење:  99 мин 
Земја
: Швајцарија
Жанр
: драма
Формат
: БД

http://www.imdb.com/title/tt4444762/?ref_=fn_al_nm_1a
https://www.youtube.com/watch?v=G09jCmDxM3k

 

 

2. Jonathan      од 27.03.2017 до 28.03.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

Кратка содржина:

Еден млад човек (Јанис Нивенер) се бори со притисокот да се грижи за неговиот татко, кој е смртно болен, додека истовремено се обидува да ја открие тајната која татко му е решен да ја чува за себе.

 

Година: 2016
Режија:
 Пиотр Ј. Левандовски 
Времетраење:  
99 мин
Земја: Германија
Жанр: драма

 

http://www.imdb.com/title/tt5350358/?ref_=nm_knf_t1
https://www.youtube.com/watch?v=BPJOn32UQaw

3. Kopek од 29.03.2017 до 30.03.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 

Кратка содржина:
Еден обичен ден во големиот град Истанбул: 10 - годишниот Чемо продава хартиени марамчиња на улиците, Хајат е строго контролирана од својот сопруг, а транссексуалната Ебру  го продава нејзиното тело. Заедничко за сите тројца е тоа што имаат тајна љубов и прават се за да ги задоволат своите потреби, макар и за момент. Една автентична, нежна и вознемирувачка приказна за љубовта и смртта во турското општество на почетокот на 21 век. 

Година: 2015
Режија:
  Есен Исик 
Времетраење:  94 мин 
Земја
: Швајцарија
Жанр
: драма
Формат
:

http://www.imdb.com/title/tt4602818/?ref_=fn_al_tt_1

https://www.youtube.com/watch?v=m2PZnS7_b4I

 

4. Fritz lang         од 03.04.2017 до 04.04.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 
Кратка содржина:
Фриц Ланг. Го сметале за гениј, егоцентричен сексуален манијак и садист. Насилството и љубовта станале теми што го следеле Фриц Ланг до крајот на животот. Во Виена, како син на насилен татко, поради кој многу страдала неговата сакана мајка Еврејка. Како војник во Галиција, каде што ги доживеал ужасите на Првата светска војна. И на крајот, како млад режисер во Берлин, обвинет за убиството на сопствената сопруга. Фритц Ланг го истражува „злото” во себе и во сите нас.

Година: 2016
Режија:
 Гордиан Мауг 
Времетраење: 
104 мин
Земја: Германија
Жанр: Драма

 

http://www.imdb.com/title/tt5520618/?ref_=fn_al_tt_1
https://www.youtube.com/watch?v=bN8_NH8phwg

 

 

 

5.Clean Hands (Чисти раце)  од 05.04.2017 до 06.04.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 

 Кратка содржина:

Силвија и Еди живеат убав живот во елитна населба во Амстердам. Имаат две деца. Богатството го стекнуваат преку трговијата со дрога што ја организира Еди. Една брутална полициска акција ќе ги наруши нештата и тогаш Силвија одлучува да побегне. Но Еди нема да и го дозволи тоа, бидејќи таа веќе знае премногу.

 

Година: 2015
Режија:
 Тјебо Пенинг 
Времетраење: 
108 мин
Земја: Холандија
Жанр: Криминал, драма, трилер

 

 

http://www.imdb.com/title/tt3855240/?ref_=nv_sr_1

https://www.youtube.com/watch?v=0kbBo96LAnQ

 

 

6. Kalo Pothi (Црната кокошка)  од 10.04.2017 до 11.04.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 Кратка содржина:

Привремениот прекин на огнот во екот на непалската граѓанска војна носи мир во малото село Мугу сместено во североисточен Непал, донесувајќи им радост на жителите. Двајцата блиски другари, младите Пракаш и Киран, започнуваат да ја чувствуваат промената којашто тлее во воздухот. Иако се разликуваат по каста и вероисповед, двајцата другари се неразделни. Тие започнуваат заедно да одгледуваат кокошка, којашто Пракаш ја добива од својата сестра, со надеж дека ќе заштедат пари продавајќи ги нејзините јајца. Меѓутоа кокошката исчезнува и со цел да ја пронајдат Пракаш и Киран започнуваат патување, несвесни за тиранијата којашто ќе ја донесе ранливото примирје.

Година: 2015
Режија:
 Мин Бахадур Бан 
Времетраење: 
  90  мин
Земја: Непал
Жанр: Драма

 

http://www.imdb.com/title/tt4991660/?ref_=fn_al_tt_1
https://www.youtube.com/watch?v=wS4C8MQUFds

 

7.  Pim & Pom: The big adventure   од 12.04.2017 до 13.04.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 

Кратка содржина: Пријателството меѓу импулсивните и авантуристички Пим и  Пом ќе се стави на тест, кога тие се соочуваат со обидуваат да го најдат патот до дома.



Година: 2014
Режија: Глорија Смит
Времетраење: 70мин

Земја: Холандија
Жанр: анимиран филм,синхронизиран на македонски јазик
Формат
: ДВД / БД

http://www.imdb.com/title/tt2710884/?ref_=fn_al_nm_1a https://www.youtube.com/watch?v=ftAmFZARKlY

 

8. Phantom boy (Момчето Фантом)  од 28.04.2017 до 29.04.2017год. почеток: 19:30 час. влез: 50 ден.

 Кратка содржина: Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, може да стане невидлив и да поминува низ ѕидови. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој е привремено во инвалидска количка. Принудени https://www.viagrapascherfr.com/acheter-du-viagra-au-maroc/ се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен

Година: 2015

Режија: Жан-Луп Фелисиоли, Алан Гањол

Времетраење: 84 мин

Земја: Франција

Жанр: Анимиран филм, фантазија, синхронизиран на македонски јазик
Формат
: ДВД / БД

 

 

 

http://www.imdb.com/title/tt1856057/?ref_=fn_al_tt_1
https://www.youtube.com/watch?v=2Pfi0Ffg64k