Литературна дејност📅 2026-11-13
✨ НЕГОТИНО – ЦАРСТВО НА ЗБОРОВИ, СОНИШТА И СТИХОВИ ✨
Вчера во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино се одржа прекрасна поетска работилница исполнета со искрени детски насмевки и многу позитивна енергија.
Во рамките на соработката со Дом на култура Брестовац, го угостивме српскиот писател Власта Цениќ со неговата збирка „Ѕвездана лектира“ (во препев на Филип Димкоски, издание на „Стари Поток“).
Сакаме да упатиме огромна благодарност до:
Писателот Власта Цениќ за прекрасната енергија, топлина и стиховите кои измамија безброј насмевки на детските лица.
ООУ „Страшо Пинџур“ и ООУ „Гоце Делчев“, како и до наставниците по македонски јазик и литература, за посветеноста и прекрасната атмосфера што ја создадоа заедно со учениците.
Гостите од Дом на култура Брестовац за продолжувањето на успешната културна соработка.
Книгите спојуваат луѓе и генерации, а детските насмевки се нашата најголема награда! Ви благодариме на сите за ова незаборавно дружење.














