Даме груев бб,
1440 Неготино

Напишано од Админ
Категорија:

Аматерски театар „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

 

Најстари  сочувани документи потекнуваат од XIII век каде самостојниот македонски феудалец Добромир Стрес се одметнал во недостапниот град Просек ,каде што подигнал тврдина на која одржувале безброј културни манифестации. Тој му наредил на своите починети да подигнат сцена од штици,на која се одржувале  бучни веселби: играл, пеел,со своите соработници а воедно се прикажувале и пиеси. Во IX век во Неготино Хаџи Таир-ага Синаниновски изградил безистен каде покасно се издавале првите организирани претстави од страна на „Караѓос“. Во почетокот на XX век како први организатори односно режисери биле учителите и заедно со учениците ги изведувале претставите.

Поминати се повеќе од сто години откако била прикажана претставата „Генова“ од неготинските учители и ученици. Досега најстари зачувани документи за постоењето на театарот и театарските активности во Неготино е пронајден во Демир Капија каде се откриени фрагменти на садови и реквизити од „Ахејци“ на Менандер. Во седмиот век јужните Словени кој густо го населиле Повардарието со себе ја донеле и развиле театарската уметност.

Во 1936 година спортскиот клуб„Тиквеш“ развил значајна театарска дејност. Во 1939 година изведена е театарската претстава „Јазовец пред суд“ каде што била на отворена сцена пред новоизградениот дом. Носители на главните улоги биле: Пано Митров-„Фигаро“, Давид Штрбац, Јордан Андонов(докторот), Перо Димов,и Ѓорѓи Трајков. Во 1941год.покрај тешките околности иако биле забранети културните дејности група на културни интузијасти го обработиле текстот од романот „Мајка“од Максим Горки, „Железна пета“ од Џек Лондон, „Како се калеше челикот“ и други. По завршувањето на внатрешниот дел на Народниот Дом на 21.04.1941 год. била  прикажана битовата  драма „Македонска крвава свадба“, а покасно „Печалбари“ а на  02.08. 1941год. била сценско изведена пиесата за тебе Македонијо. 1942 год.прикажана е драмата „Димитар Бунтовникот“. После овие претстави бугарскиот окупатор не дозволувал никаква културна активност. По завршувањето на војната било формирано некакво друштво АГИТПРОП (одделение за пропаганда и агитација) каде биле ангажирани голем број на ентузијасти. Во склопот на друштвото имало повеќе секции: драмска, хорска, пеачка и рецитаторска.

На театарската секција како успешна личност се појавува Перо Балкански кој исто така бил и раководел со самото друштво. За изготвување на сцената бил Лазар Калајџиски-Добри кој во исто време бил и командант на Битолската воена област. Во тој период биле прикажани пиесите „Голфа“ во режија на Јанош Богоевски. До 1950 год. се реализирани претставите „Обичен човек“ во режија на Џеват Алибегов, Поп Киро и Поп Спиро,  „Зла жена“и едночинките „Ум во глава“, „Итра лисица среде стапица“ во режија на Перо Балкански. Во тој период било променето и името на народниот дом во Дом на култура каде биле сите културни манифестации. Од 1950год. до 1955год. биле прикажани претставите: „Бегалка“ во режија на Ѓорѓи Паланков, „Печалбари“ во режија на Перо Балкански, класичната комедија „Женидба“ и  пиесата „Мирондолина“.

Како најуспешна година во тој период била 1955год. каде што биле прикажани повеќе претстави: „Смешни прециози“, „Скитникот“, „Евтосија“,и „Заеднички стан“. Како најдобра претстава таа година била претставата „Смешни прециози“ која била одржана премиерно на 02.01.1955год.пред 329 гледачи. Во 1956 год.нашиот познат артист Ацо Ѓорчев го поставува делото „Карловата тетка“ а покасно драмата „Љубовното писмо“и „Слугата на двајцата господари“.

1957год. е изведена претставата „Лекар“ во режија на Перо Балкански, а наредната година била поставена „Чичковата куќа“. После премиерата оваа претстава била прикажана уште девет пати. На 23.02.1959год. била премиерно изведена претставата „Луѓе“каде што како режисер се појавува Перо Балкански. Во наредните три години театарот при Домот на културата бил многу малку активен бидејќи не била прикажана ниту една театарска претстава. 1963год. Перо Балкански нашиот љубител на театарот ја поставува на сцена претставата „Со сила лекар“. Во 1965год. пред љубимците на театарот во нашиот град е прикажана премиерата „Карловата тетка“ каде што повторно како режисер се појавува Перо Балкански.  Наредната година Перо Балкански  ја режира претставата „Печалбари“.1967год. нашиот сограѓанин Ацо Ѓорчев ја режира претставата „Слугата на двајца господари“. 1969год. Перо Балкански повторно се јавува како режисер на претставата „Бегалка“ каде што има доживеано големи успеси. Во претставата ликовите ги замениле нашите љубимци на театарот: Ѓорѓи Паланков, Перо Балкански, Пано Панев, Олга Ташева, Митко Паланков, Тошо Јованов, Фруска Настова, Даница Иванова, Киро Паланков, и др. Со оваа дело аматерскиот театар при Домот на културата учествувал на Републичките драмски смотри во Штип каде што артистот Пано Панов ја освоил првата награда за најдобра машка улога. Од 1970год. до 1975год.  премиерно се прикажани драмите „Робот и агата“, „Чичковата куќа“, „Боинг-боинг“, „Нашето бебе“, во режија на Перо Балкански, „Куќа“ и „Венчаница“ , Ацо Ѓорчев - „Радован III“,  и „Арсеник“ -Диме Илиев.

1976год. Пано Панов ја режира претставата „Колаж“, а наредната година биле поставени две претстави: „Карловата тетка“-Лазар Ѓорчев и „Одам на лов“ - Диме Илиев, а во 1978 год. Пано Панов повторно се јавува како режисер на претставата „Чорбаџи Теодос“. На 02.04.1979 год. премиерно е прикажана претставата „Оскар“ во режија на Диме Илиев.

На 26.01.1980год. премиерно беше изведена претставата „Македонска крвава свадба“ како познат режисер и актер на оваа претстава се појави Петре Прличко. На сцената на Домот на културата оваа претстава беше прикажана повеќе од дваесет пати. Исто така Домот на културата со оваа претстава се претстави низ повеќе градови во Македонија а се гостуваше  и надвор од Македонија т.е. со Збратимениот град на Неготино со Неготин Краина.      

Во времето од 80-тите до 90-тите години  поради поплава во нашиот град голем број од архивскиот материјал е уништен и затоа немаме податоци иако биле подготвени голем број на театарски претстави.Во 1985год. беше прикажана претставата  „Трите ангели“ а во 1988 год. беше прикажана претставата „Моето бебе“ Во 1989год. аматерскиот театар при Домот на културата ја подготви театарската претстава „Боинг-боинг“ Во 1993год. беше поставена театарската претстава „Хај фај“, а во 1994год. беа изведени театарските претстави „Хајди“ , „Арсеник и стари тантели“ во режија на Диме Илиев со која направивме 16 претстави на ФААТ Кочани награда за женска споредна улога освои Невенка Панова, потоа  следуваше и друга успешна претстава со име „Тука ли е Перо“ во режија на Пано Панов со која се настапи во Кочани и Васко Стефанов освои награда за главна машка улога, а потоа со истата претстава се направи и турнеја до Негоин Краина, Заечар и Бор каде што остави одличен впечаток. Во  1995год. беше изведена претставата „Венчаница“, а во  1996 год. театарската претстава  „Грев или шприцер“. Во 1997 год. аматерскиот театар при Домот на културата ја изведе театарската претстава „Смртоносна стапица“ во режија на познатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. „Викенд на мртовци“  беше прикажана на сцената  1998 год. како режисер на претставата се појави нашиот сограѓанин Пано Панов, а главните улоги во претставата ги толкуваа познатите артисти: Димче Мешковски, и Владимир Ангеловски-Дади.  Претставата беше една од најуспешните со одиграни 18 претстави. Во истата 1998 год. на штиците што живот значат за прв пат  се постави претставата „Седумка љубов и смрт“ во режија на Бранко Ѓорчев на која за прв пат настапи  сега веќе познатиот актер Робер Ристов,оваа претстава се одигра 17 пати со преполна сала а на ДАФ Кочани награда за споредна машка улога освои Васко Стефанов. Мораме да напоменеме дека овие години беа златното време на аматерскиот театар во  Центарот за култура.

Во периодот на 1999 год. беше подготвена детската претстава „Принцот свињар и „Прчлата принцеза“ во режија на Роберт Ристов. Текстот го преработи Афродита Кирјаковска. Претставата доби голем одзив во нашиот град и во другите градови на Македонија. Во 2000год. исто така драмскиот аматерски клуб  ја подготви претставата „Две ведра вода“ во режија на Томе Атанасов. Во 2001год. по повод 35 години од работата на нашиот сограѓанин Пане Панов беше подготвена претставата „Оскар“ од Клод Моние. Како режисер се појави Пане Панов . Во периодот на 2002год. беше подготвена претставата „Куќата на чичо“ претставата ја режираше  Слаѓана Милосављевиќ. Претставата беше многу добро прифатена од граѓаните од нашиот град и за секоја претстава се бараше карта повеќе. Театарските претстави „Коса“ беше прикажана во 2004 год. а во 2005год. беше изведена претставата „Куќата на Перса“ со која настапивме и на ДАФ Кочани каде што актерот Влатко Арсов освои награда за главна машка улога. Во 2006год. е изведена Премиера на „Убавицата и ѕверот“ Исто така оваа година беа прикажани уште две театарски претстави „Фатална привлечност“ и премиера на мјузикл„ CART FOREVER“. Во 2008 год. беа изведени две премиери „Седумка,љубов и смрт“ и „Комедии од Чехов“. Со претставата Комедии од Чехов се учествуваше на фестивалот  ДАФ во Кочани каде што беа добиени награди за најдобра режија на Дејан Ангелов  и за најдобра женска улога Александра Пенкова. Исто така со  оваа претстава се учествуваше на фестивалот  „Дани мали ствари“ во Требиње –Р.Српска а беше остварено на театарската сцена во Ќуприја. Во 2009 год. „Рулет со осум бројки“, а во 2010 год. беше изведена претставата „Новогодишна бајка“ од Љупчо Лазов. Во 2011 год. се подготвуваше театарската претстава „Печалбари“ во режија на Љупчо Лазов и Павле Трпков. Во 2012 год. премиера на „Принцезата“ по мотивација од сказната Огнила од Ханс Кристијан Андерсен во режија на Павле Трепков . 2013 год. „Сомнително лице“од Бранислав Нушиќ во режија на Павле Трпков кој во 2014 поворно беше режисер на претставата „Беше еднаш во мај“ од Жолт Почгај. Во 2015 год. се прикажа претставата „Како да ја убиеш сопругата и зошто“ - Антонио Амури и во 2016 претставата  „Оскар“ од Клод Мание овие две претстави ги режираше Милица Гочевска.  За 2017 година планирана е претставата  „Капетанот Џон Пиплфокс“.

Луѓе кои имаат придонесено за развојот на културата и театарот во нашата институција и градот

    Перо Димов-Пепо има одиграно во претставите „Сомнително лице“, „Кој е крадец“, „Бегалка“, и др. Цандо Коцев има учествувано во претставите „Руса Лика“, „Бегалка“, „Колин Орелот“, „Печалбари“ и др. Ацо Ѓорчев има учествувано во претставите „Македонска крвава свадба“, „Љубовно писмо“, „Венчаница“, „Карловата тетка“ и др.Исто така мораме да напоменеме дека Ацо Ѓорчев е еден од првите Директори а се појавува и како режисер на неколку претстави. Драги Поцев на сцената на драмскиот театар има учествувано во повеќе претстави: „Чудотворниот свет“,„Македонска крвава свадба“, „Печалбари“, „Оскар“, „Со сила лекар“. Диме Илиев учествувал во претставите: „Малиот орфеј“, „Милка“, „Печалбари“, „Боинг-боинг“. Лазар Ѓорчев има учествувано во  „Македонска крвава свадба“, „Со сила лекар“и др. а како најистакнат наш сограѓанин во нашата институција се покажал Пано Панов кој што има режирано поголем број на претстави и има толкувано голем број на ликови: „Сите ние сме луѓе“, „Бегалка“, „Карловата тетка“, „Печалбари“, „Нашето бебе“, „Чичковата куќа“, „Венчаница“, „Радован III“, „Оскар“, „Тука ли е Перо“, „Македонска крвава свадба“, а како режисер на претставата „Колаж“ , „Чорбаџи Теодос“, „Македонска крвава свадба“.  Како најстара личност се појавува личноста Пано Митрев-„Фигаро“кои има одиграно голем број на улоги во претставите: „Јазовец пред суд“, „Циганско срце“, „Бегалка“ идр. Перо Димов-„Пепо“ има одиграно во претставите „Сомнително лице“, „Кој е крадец“, „Бегалка“, и др. Цандо Коцев има учествувано во претставите „Руса Лика“, „Бегалка“, „Колин Орелот“, „Печалбари“ и др. Ацо Ѓорчев има учествувано во претставите „Македонска крвава свадба“, „Љубовно писмо“, „Венчаница“, „Карловата тетка“ и др. Исто така мораме да напоменеме дека Ацо Ѓорчев е еден од првите Директори а се појавува и како режисер на неколку претстави. Драги Поцев на сцената на драмскиот театар има учествувано во повеќе претстави: „Чудотворниот свет“, „Македонска крвава свадба“, „Печалбари“, „Оскар“, „Со сила лекар“. Диме Илиев учествувал во претставите:„Малиот орфеј“, „Милка“, „Печалбари“, „Боинг-боинг“. Лазар Ѓорчев има учествувано во  „Македонска крвава свадба“, „Со сила лекар“и др. а како најистакнат наш сограѓанин во нашата институција се покажал Пано Панов кој што има режирано поголем број на претстави и има толкувано голем број на ликови: „Сите ние сме луѓе“, „Бегалка“, „Карловата тетка“, „Печалбари“, „Нашето бебе“, „Чичковата куќа“, „Венчаница“, „Радован III“, „Оскар“, „Тука ли е Перо“,  „Македонска крвава свадба“, а како режисер на претставата „Колаж“ , „Чорбаџи Теодос“,  „Македонска крвава свадба“.  Во аматерскиот театар „Ацо Ѓорчев“ Неготино учествувале многу неготинци, некои од нив станале професионални актери и ден денес работат, а тоа се: Ацо Ѓорчев, Пано Панов, Диме Илиев, Бранко Ѓорчев, Богданака Гогова,  Перо Балкански, Лазо Ѓорчев, Илија Ристов, Драги Поцев, Илија Давчев, Даница Илиева, Олга Ташева, Перо Симонов-Шивец, Павлинка Поп Димкова, Илија Емшов, Васко Стефанов, Роберт Ристов, Бранко Долноземчев-Канги, Никола Бојаџиев-Каракас, Глигор Бојаџиев, Златко Цветков, Влатко Арсов, Дејан Ангелов, Живко Наумов, Коле Давчев, Љупчо Лазов, Милена Лазова, Мирјана Пиштолова, Нада Орешкова, Лета Донева, Сунчица Недева, Донка Лазова, Марија Донева, Ѓорѓи Паланков-Паланката, Вано Паланков, Ристо Атанасов, Александра Пенкова, Ристе Стурлаков, Љупчо Дилберов, Сашо Стојковски, Александра Пенкова, Трајче Димов, Весна Стојкова, Ѓоко Богевски, Никола Дафов, Бојан Арсов, Даниела Михајлова, Трајче Панов, Мима Вандова, Симон Андов, Ана Вандова, Тања Димова, Марија Илиева, Александар Божинов, Ивана Емшова, Златко Накиќ, Сашо Поцков, Владимир Ѓорѓиев, Верица Петрова, Антица Стојанова. Од помладите кои сега настапуваат се: Пане Станков, Памела Мицева, Мите Јаначков, Ѓоке Ташулов, Ќире Трпков, Елена Данова, Александар Николов, Никола Богевски  и други. Актери кои не се од Неготино но овде настапуваа и заедно придонесоа за развој  на театарот се: Петре Прличко, Васо Ангелов, Диме Бањански, Томе Атанасов-Сабро, Невенка Панова, Димче Мешковски и Владимир Ангеловски –Дади. Луѓето кои беа во позадина како технички персонал, тон и светло мајстори, сценски мајстори, испициенти, а без кои намаше да се остварат претставите се: Ефрем Тефов-Ефо, Ѓоко Стојанов- Горецот, Благој Шалев, Горан Димов, Митко Балкански, Стево Михајлов, Каме Давчев, Панчо Цеков-Доктор Цекиќ, Вано Паланков, Ѓоко Мицов, Крсте Давчев, Ѓоко Ѓорѓиев, Ѓорѓи Паланков-Паланката.