Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

НА 10.06.2022 година во салата на Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино се одржа концерт на групата - „Фолтин“.

Напишано од НУЦК
Категорија:
На 13.06.2022 година (понеделник) со почеток од 10:30 и 12:00 час. во киното на Центрот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира проекција на филмови во рамки на проектот „Видео игротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ. „Патешествието на принцот“ 10:30 час. „Хакер“ од 12:00 час.  Влез: Слободен!! 
 
Kраток Синопсис

- Еден стар принц се насукува на непознат брег. Така ранет и изгубен е најден од младиот Том кој го носи кај неговите родители, двајца протерани научници кои имаат свој интерес за љубопитниот новодојденец. Како што смелото момче и мудриот кралски наследник започнуваат серија брилијантни бегства, нивниот капацитет за меѓусебно почитување и разбирање почнува да ги руши границите меѓу нивните светови.

Со помош на Том, Принцот открива општество за кое не знае ништо, додека родителите на Том решаваат да го искористат за да докажат дека нивната теорија дека постојат други мајмунски општества навистина била точна

 

 
Kраток Синопсис

13-годишниот хакер Бенџамин открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во Данската тајна служба, па заедно со неговата нова другарка Савана тргнува  во потрага да ја дознае вистината.