Даме груев бб,
1440 Неготино

Напишано од Админ
Категорија:

 

Национална установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

 

Центарот за култура е изграден 1938 год.  под името „Народен дом“. По Втората светска војна 1948 год. со работна акција се направени целосни измени и реконструкции на внатрешниот  и надворешниот дел. Центарот за  култура во тоа време располагал со 1400м2 површина од кои на  сценскиот простор отпаѓа 156м2 и имал две сали (една поголема и една помала со 400 седишта) и тераса како отворено летно кино. Во тој период Домот бил опремен со основните предмети за извршување за културните збиднувања. Во педесетите години големата сала на Центарот за култура била оспособена за киноприкажувачката дејност, во неа редовно се прикажувани филмови од различен жанр и киното како такво било едно од најпосетуваните места во Неготино се до 1991 год. со излегувањето на видео-касетите од кога ова дејност замира.

Во 1964 год. во склоп на тогашниот Дом на култура е отворена првата  Радио станица од локален карактер која успешно работела во тоа време и секогаш се усовршувала со нова технологија. Во тој период населението  сите информации кои биле во врска со земјоделието, културата, спортот и сите локални настани ги добивале од оваа радио станица. Исто така преку оваа радио станица биле исполнувани сите таканаречени „поздрави желби  и честитки“ на граѓаните, а секојдневно се објавувале  соопштенија и мали  огласи.

Во 1986 год. е извршена целосна реконструкција и надградба на објектот, се реконструира големата сала и на место на дрвените седишта се поставуваат помодерни тапацирани фотељи, се затвара летното кино кое било на терасата и на негово место се надградува Работничкиот универзитет. Со изградбата на Работничкиот универзитет во склоп  на тогашниот Дом  на култура се регистрира уште една дејност. Основата на оваа  дејност е изучување на странски јазици и одржување на различни курсеви за обука на населението како што се диктилографски курсеви, курсеви од областа на занаетчиството, и угостителството. Исто така граѓаните кои не биле во можност да го завршат основното образование овде можеле да го завршат истото.  

Во 1987 год. се прави  поделба на три субјекти кои самостојно   ќе продолжат да делуваат и тоа на: Дом на култура, каде основни дејности биле аматерскиот театар, киноприкажувачката дејност, одржување на концерти и сите културни манифестации, Работнички универзитет со својата образовна дејност и Радио Неготино како Центар за радио печат и издавачка дејност.

Од  1996 год. е извршена промена на името на тогашниот Дом на култура Неготино, во  Дом на култура „Ацо Ѓорчев“-Неготино со што постхумано му се оддава голема чест на нашиот најпознат во Македонија, а со потекло од Неготино актер  Ацо Ѓорчев.

Во 2004 год. тогашната влада  носи одлука со која еден дел од Домовите на култура се пререгистрираат  во Центри за култура така да нашиот Дом на култура преоѓа во Центар за култура со што делувањето и работењето веќе не е од локален туку има и регионален карактер. Со тоа повторно доаѓа до промена на целосното име од  Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино во Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино.

Во 2009 год. се направени повеќе внатрешни реконструкции и тоа реновирани се: санитарниот јазол, фоајето кое  што е пренаменет во галериски простор, , се направи пренамена на неискористена просторија во ликовна галерија „АРТ М“ во соработка со ликовни уметници од нашиот град, а во неа излагаа најпознатите уметници од Македонија.  Се  реновира бината во големата сала, сменет е и подот во канцелариите, а во подготовка е и планот за целосна реконструкција на покривот и надворешниот изглед на зградата, конечно по 40 години се направи набавка на  стерео појачало  со миксета и звучници, а во тек е и  набавка на високо квалитетен LCD проектор со кој ќе се прожектираат филмови.

Овој период на културен план е направено многу, направени се неколку театарски претстави како и повеќе културни манифестации кои што прераснаа во традиционални како што се:  Велигден, Манастирски фолклорни средби, формирано е културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, формирано е литературно друштво „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Со фолклорното друштво се остварени повеќе меѓународни соработки и тоа со: Србија, Бугарија, Република Српска и  Република Турција.

Се оствари проектот „Балкански културни средби“ кој опфати повеќе ликовни уметници од Р.Турција и Р.Македонија кои заедно твореа на ликовен хепенинг прво во град Неготино, а потоа во главниот град Скопје каде што во  Музејот на град Скопје се одржа и ликовна изложба, а  со тоа доби и голем публицитет на државно ниво.

Основни дејности кои се одржуваат  во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино се: музичко сценска, фолклорна, ликовно галеријска, драмска, литературна, киноприкажувачка дејност , фографијата и модерен балет.

 

Раководители:

Прв Директор на нашата институција бил Лазар Манчев, по него следуваат: Панајот Стојчев, Мишко Мишев, Ацо Ѓорчев, Миле Ангелов, Ристо Стојанов до 1979 год. од 1979 год. па се до  1992 год. како раководител е Владо Солаков. Од 1992 год.  до 1999 год. како раководител на оваа институција бил поставен Ристо Атанасов. Од 1999 год. до 2003год. раководител односно за Директор е поставен Павле Трпков. Од 2003 год. до 2006 год. Директор е  Љупчо Лазов. Од 2007 год. до 2008 год. Весела Честоева. Од 2008 год. до 2009 год. Горан Димов, а од 2009 год. па се до денешен ден 2017 год. Директор на Установата е Мирјана Јованова. 

 

 About us 

National institution Centre for culture “Aco Gjorchev” – Negotino is non profit and governmental institution organizing cultural activities in many areas in Macedonia. This Centre for culture is main promoter of culture for many years on local and national level, Our main activity is organization of trainings and festivals for artistic folk dance, amateur theatre, modern ballet, art gallery and workshop for creative writing. We are ready for cultural cooperation in all fields of culture with other countries. So far we have participated with our folk dance performances in many countries across Europe. Though this project we want to make a cultural collaboration which will contribute for presentation of Macedonia folk tradition and culture. The aim of the project is to get knowledge for the other cultural traditions in other countries which are our project partners.

 

Лого на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино