Даме Груев бб,
1440 Неготино

Ликовни изложби 

 

        Како една од дејностите во Центарот за култура Неготино секако спаѓа и Ликовно галериската дејност. Од 2007 година во нашата установа започна да се негува и оваа дејност, од тогаш па наваму во галеријата на Центарот за култура свои изложби имаа многу познати имиња од оваа уметност. Првите вистински чекори за заживувањето на ликовната галерија во Центарот за култура започнаа со взаемната соработка помеѓу ликовните уметници од град Неготино, Илија Спасов-Чендо и Томе Мишев. Со нивна помош се направи галерискиот простор и се отпочна со првите сериозни чекори со носење на познати и афиримирани уметници од Македонија и странство. Потоа следува унапредување во оваа област и со пренамена на Фоајето во Галериски и простор полека но сигурно започна да се развива оваа дејност која сега можеме да кажеме дека стои на цврсти нозе.  

   
   
   
   

Фото и видео клуб „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

     Фото и видео клубот „Ацо Ѓорчев“ Неготино се формира на 14.10.2015 година во просториите на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино како дел од Центарот за култура.Во овој клуб членуваат скоро сите фотографи од град Неготино кои се професионално работат со фотографија, како и аматери вљубеници ентузијасти во фотографијата. Целта на овој клуб е да се промовира уметничката фотографија преку организирање на изложби, воедно и да се зачува историјата на град Неготино преку видео и фотографија. Од своето постоење со самото формирање, нашиот клуб веќе направи неколку изложби на фотографија.

                                                                       Фотографии од првиот состанок од формирањето на клубот 14.10.2015 год.           

 

                                

 

    Фотографија од првата изложба.

 

     Лого на Клубот

 

                                                                                                     
 

Аматерски театар „Ацо Ѓорчев“ - Неготино

 

Најстари  сочувани документи потекнуваат од XIII век каде самостојниот македонски феудалец Добромир Стрес се одметнал во недостапниот град Просек ,каде што подигнал тврдина на која одржувале безброј културни манифестации. Тој му наредил на своите починети да подигнат сцена од штици,на која се одржувале  бучни веселби: играл, пеел,со своите соработници а воедно се прикажувале и пиеси. Во IX век во Неготино Хаџи Таир-ага Синаниновски изградил безистен каде покасно се издавале првите организирани претстави од страна на „Караѓос“. Во почетокот на XX век како први организатори односно режисери биле учителите и заедно со учениците ги изведувале претставите.

Поминати се повеќе од сто години откако била прикажана претставата „Генова“ од неготинските учители и ученици. Досега најстари зачувани документи за постоењето на театарот и театарските активности во Неготино е пронајден во Демир Капија каде се откриени фрагменти на садови и реквизити од „Ахејци“ на Менандер. Во седмиот век јужните Словени кој густо го населиле Повардарието со себе ја донеле и развиле театарската уметност.

Во 1936 година спортскиот клуб„Тиквеш“ развил значајна театарска дејност. Во 1939 година изведена е театарската претстава „Јазовец пред суд“ каде што била на отворена сцена пред новоизградениот дом. Носители на главните улоги биле: Пано Митров-„Фигаро“, Давид Штрбац, Јордан Андонов(докторот), Перо Димов,и Ѓорѓи Трајков. Во 1941год.покрај тешките околности иако биле забранети културните дејности група на културни интузијасти го обработиле текстот од романот „Мајка“од Максим Горки, „Железна пета“ од Џек Лондон, „Како се калеше челикот“ и други. По завршувањето на внатрешниот дел на Народниот Дом на 21.04.1941 год. била  прикажана битовата  драма „Македонска крвава свадба“, а покасно „Печалбари“ а на  02.08. 1941год. била сценско изведена пиесата за тебе Македонијо. 1942 год.прикажана е драмата „Димитар Бунтовникот“. После овие претстави бугарскиот окупатор не дозволувал никаква културна активност. По завршувањето на војната било формирано некакво друштво АГИТПРОП (одделение за пропаганда и агитација) каде биле ангажирани голем број на ентузијасти. Во склопот на друштвото имало повеќе секции: драмска, хорска, пеачка и рецитаторска.

На театарската секција како успешна личност се појавува Перо Балкански кој исто така бил и раководел со самото друштво. За изготвување на сцената бил Лазар Калајџиски-Добри кој во исто време бил и командант на Битолската воена област. Во тој период биле прикажани пиесите „Голфа“ во режија на Јанош Богоевски. До 1950 год. се реализирани претставите „Обичен човек“ во режија на Џеват Алибегов, Поп Киро и Поп Спиро,  „Зла жена“и едночинките „Ум во глава“, „Итра лисица среде стапица“ во режија на Перо Балкански. Во тој период било променето и името на народниот дом во Дом на култура каде биле сите културни манифестации. Од 1950год. до 1955год. биле прикажани претставите: „Бегалка“ во режија на Ѓорѓи Паланков, „Печалбари“ во режија на Перо Балкански, класичната комедија „Женидба“ и  пиесата „Мирондолина“.

Како најуспешна година во тој период била 1955год. каде што биле прикажани повеќе претстави: „Смешни прециози“, „Скитникот“, „Евтосија“,и „Заеднички стан“. Како најдобра претстава таа година била претставата „Смешни прециози“ која била одржана премиерно на 02.01.1955год.пред 329 гледачи. Во 1956 год.нашиот познат артист Ацо Ѓорчев го поставува делото „Карловата тетка“ а покасно драмата „Љубовното писмо“и „Слугата на двајцата господари“.

1957год. е изведена претставата „Лекар“ во режија на Перо Балкански, а наредната година била поставена „Чичковата куќа“. После премиерата оваа претстава била прикажана уште девет пати. На 23.02.1959год. била премиерно изведена претставата „Луѓе“каде што како режисер се појавува Перо Балкански. Во наредните три години театарот при Домот на културата бил многу малку активен бидејќи не била прикажана ниту една театарска претстава. 1963год. Перо Балкански нашиот љубител на театарот ја поставува на сцена претставата „Со сила лекар“. Во 1965год. пред љубимците на театарот во нашиот град е прикажана премиерата „Карловата тетка“ каде што повторно како режисер се појавува Перо Балкански.  Наредната година Перо Балкански  ја режира претставата „Печалбари“.1967год. нашиот сограѓанин Ацо Ѓорчев ја режира претставата „Слугата на двајца господари“. 1969год. Перо Балкански повторно се јавува како режисер на претставата „Бегалка“ каде што има доживеано големи успеси. Во претставата ликовите ги замениле нашите љубимци на театарот: Ѓорѓи Паланков, Перо Балкански, Пано Панев, Олга Ташева, Митко Паланков, Тошо Јованов, Фруска Настова, Даница Иванова, Киро Паланков, и др. Со оваа дело аматерскиот театар при Домот на културата учествувал на Републичките драмски смотри во Штип каде што артистот Пано Панов ја освоил првата награда за најдобра машка улога. Од 1970год. до 1975год.  премиерно се прикажани драмите „Робот и агата“, „Чичковата куќа“, „Боинг-боинг“, „Нашето бебе“, во режија на Перо Балкански, „Куќа“ и „Венчаница“ , Ацо Ѓорчев - „Радован III“,  и „Арсеник“ -Диме Илиев.

1976год. Пано Панов ја режира претставата „Колаж“, а наредната година биле поставени две претстави: „Карловата тетка“-Лазар Ѓорчев и „Одам на лов“ - Диме Илиев, а во 1978 год. Пано Панов повторно се јавува како режисер на претставата „Чорбаџи Теодос“. На 02.04.1979 год. премиерно е прикажана претставата „Оскар“ во режија на Диме Илиев.

На 26.01.1980год. премиерно беше изведена претставата „Македонска крвава свадба“ како познат режисер и актер на оваа претстава се појави Петре Прличко. На сцената на Домот на културата оваа претстава беше прикажана повеќе од дваесет пати. Исто така Домот на културата со оваа претстава се претстави низ повеќе градови во Македонија а се гостуваше  и надвор од Македонија т.е. со Збратимениот град на Неготино со Неготин Краина.      

Во времето од 80-тите до 90-тите години  поради поплава во нашиот град голем број од архивскиот материјал е уништен и затоа немаме податоци иако биле подготвени голем број на театарски претстави.Во 1985год. беше прикажана претставата  „Трите ангели“ а во 1988 год. беше прикажана претставата „Моето бебе“ Во 1989год. аматерскиот театар при Домот на културата ја подготви театарската претстава „Боинг-боинг“ Во 1993год. беше поставена театарската претстава „Хај фај“, а во 1994год. беа изведени театарските претстави „Хајди“ , „Арсеник и стари тантели“ во режија на Диме Илиев со која направивме 16 претстави на ФААТ Кочани награда за женска споредна улога освои Невенка Панова, потоа  следуваше и друга успешна претстава со име „Тука ли е Перо“ во режија на Пано Панов со која се настапи во Кочани и Васко Стефанов освои награда за главна машка улога, а потоа со истата претстава се направи и турнеја до Негоин Краина, Заечар и Бор каде што остави одличен впечаток. Во  1995год. беше изведена претставата „Венчаница“, а во  1996 год. театарската претстава  „Грев или шприцер“. Во 1997 год. аматерскиот театар при Домот на културата ја изведе театарската претстава „Смртоносна стапица“ во режија на познатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. „Викенд на мртовци“  беше прикажана на сцената  1998 год. како режисер на претставата се појави нашиот сограѓанин Пано Панов, а главните улоги во претставата ги толкуваа познатите артисти: Димче Мешковски, и Владимир Ангеловски-Дади.  Претставата беше една од најуспешните со одиграни 18 претстави. Во истата 1998 год. на штиците што живот значат за прв пат  се постави претставата „Седумка љубов и смрт“ во режија на Бранко Ѓорчев на која за прв пат настапи  сега веќе познатиот актер Робер Ристов,оваа претстава се одигра 17 пати со преполна сала а на ДАФ Кочани награда за споредна машка улога освои Васко Стефанов. Мораме да напоменеме дека овие години беа златното време на аматерскиот театар во  Центарот за култура.

Во периодот на 1999 год. беше подготвена детската претстава „Принцот свињар и „Прчлата принцеза“ во режија на Роберт Ристов. Текстот го преработи Афродита Кирјаковска. Претставата доби голем одзив во нашиот град и во другите градови на Македонија. Во 2000год. исто така драмскиот аматерски клуб  ја подготви претставата „Две ведра вода“ во режија на Томе Атанасов. Во 2001год. по повод 35 години од работата на нашиот сограѓанин Пане Панов беше подготвена претставата „Оскар“ од Клод Моние. Како режисер се појави Пане Панов . Во периодот на 2002год. беше подготвена претставата „Куќата на чичо“ претставата ја режираше  Слаѓана Милосављевиќ. Претставата беше многу добро прифатена од граѓаните од нашиот град и за секоја претстава се бараше карта повеќе. Театарските претстави „Коса“ беше прикажана во 2004 год. а во 2005год. беше изведена претставата „Куќата на Перса“ со која настапивме и на ДАФ Кочани каде што актерот Влатко Арсов освои награда за главна машка улога. Во 2006год. е изведена Премиера на „Убавицата и ѕверот“ Исто така оваа година беа прикажани уште две театарски претстави „Фатална привлечност“ и премиера на мјузикл„ CART FOREVER“. Во 2008 год. беа изведени две премиери „Седумка,љубов и смрт“ и „Комедии од Чехов“. Со претставата Комедии од Чехов се учествуваше на фестивалот  ДАФ во Кочани каде што беа добиени награди за најдобра режија на Дејан Ангелов  и за најдобра женска улога Теодора Иванова. Исто така со  оваа претстава се учествуваше на фестивалот  „Дани мали ствари“ во Требиње –Р.Српска а беше остварено на театарската сцена во Ќуприја. Во 2009 год. „Рулет со осум бројки“ во реѓија на Симон Андов, а во 2010 год. беше изведена претставата „Новогодишна бајка“ од Љупчо Лазов. Во 2011 год. се подготвуваше театарската претстава „Печалбари“ во режија на Љупчо Лазов и Павле Трпков. Во 2012 год. премиера на „Принцезата“ по мотивација од сказната Огнила од Ханс Кристијан Андерсен во режија на Павле Трепков . 2013 год. „Сомнително лице“од Бранислав Нушиќ во режија на Павле Трпков кој во 2014 поворно беше режисер на претставата „Беше еднаш во мај“ од Жолт Почгај. Во 2015 год. се прикажа претставата „Како да ја убиеш сопругата и зошто“ - Антонио Амури и во 2016 претставата  „Оскар“ од Клод Мание овие две претстави ги режираше Милица Гочевска.  За 2017 година планирана е претставата  „Капетанот Џон Пиплфокс“.

Луѓе кои имаат придонесено за развојот на културата и театарот во нашата институција и градот

    Перо Димов-Пепо има одиграно во претставите „Сомнително лице“, „Кој е крадец“, „Бегалка“, и др. Цандо Коцев има учествувано во претставите „Руса Лика“, „Бегалка“, „Колин Орелот“, „Печалбари“ и др. Ацо Ѓорчев има учествувано во претставите „Македонска крвава свадба“, „Љубовно писмо“, „Венчаница“, „Карловата тетка“ и др.Исто така мораме да напоменеме дека Ацо Ѓорчев е еден од првите Директори а се појавува и како режисер на неколку претстави. Драги Поцев на сцената на драмскиот театар има учествувано во повеќе претстави: „Чудотворниот свет“,„Македонска крвава свадба“, „Печалбари“, „Оскар“, „Со сила лекар“. Диме Илиев учествувал во претставите: „Малиот орфеј“, „Милка“, „Печалбари“, „Боинг-боинг“. Лазар Ѓорчев има учествувано во  „Македонска крвава свадба“, „Со сила лекар“и др. а како најистакнат наш сограѓанин во нашата институција се покажал Пано Панов кој што има режирано поголем број на претстави и има толкувано голем број на ликови: „Сите ние сме луѓе“, „Бегалка“, „Карловата тетка“, „Печалбари“, „Нашето бебе“, „Чичковата куќа“, „Венчаница“, „Радован III“, „Оскар“, „Тука ли е Перо“, „Македонска крвава свадба“, а како режисер на претставата „Колаж“ , „Чорбаџи Теодос“, „Македонска крвава свадба“.  Како најстара личност се појавува личноста Пано Митрев-„Фигаро“кои има одиграно голем број на улоги во претставите: „Јазовец пред суд“, „Циганско срце“, „Бегалка“ идр. Перо Димов-„Пепо“ има одиграно во претставите „Сомнително лице“, „Кој е крадец“, „Бегалка“, и др. Цандо Коцев има учествувано во претставите „Руса Лика“, „Бегалка“, „Колин Орелот“, „Печалбари“ и др. Ацо Ѓорчев има учествувано во претставите „Македонска крвава свадба“, „Љубовно писмо“, „Венчаница“, „Карловата тетка“ и др. Исто така мораме да напоменеме дека Ацо Ѓорчев е еден од првите Директори а се појавува и како режисер на неколку претстави. Драги Поцев на сцената на драмскиот театар има учествувано во повеќе претстави: „Чудотворниот свет“, „Македонска крвава свадба“, „Печалбари“, „Оскар“, „Со сила лекар“. Диме Илиев учествувал во претставите:„Малиот орфеј“, „Милка“, „Печалбари“, „Боинг-боинг“. Лазар Ѓорчев има учествувано во  „Македонска крвава свадба“, „Со сила лекар“и др. а како најистакнат наш сограѓанин во нашата институција се покажал Пано Панов кој што има режирано поголем број на претстави и има толкувано голем број на ликови: „Сите ние сме луѓе“, „Бегалка“, „Карловата тетка“, „Печалбари“, „Нашето бебе“, „Чичковата куќа“, „Венчаница“, „Радован III“, „Оскар“, „Тука ли е Перо“,  „Македонска крвава свадба“, а како режисер на претставата „Колаж“ , „Чорбаџи Теодос“,  „Македонска крвава свадба“.  Во аматерскиот театар „Ацо Ѓорчев“ Неготино учествувале многу неготинци, некои од нив станале професионални актери и ден денес работат, а тоа се: Ацо Ѓорчев, Пано Панов, Диме Илиев, Бранко Ѓорчев, Богданака Гогова,  Перо Балкански, Лазо Ѓорчев, Илија Ристов, Драги Поцев, Илија Давчев, Даница Илиева, Олга Ташева, Перо Симонов-Шивец, Павлинка Поп Димкова, Илија Емшов, Васко Стефанов, Роберт Ристов, Бранко Долноземчев-Канги, Никола Бојаџиев-Каракас, Глигор Бојаџиев, Златко Цветков, Влатко Арсов, Дејан Ангелов, Живко Наумов, Коле Давчев, Љупчо Лазов, Милена Лазова, Мирјана Пиштолова, Нада Орешкова, Лета Донева, Сунчица Недева, Донка Лазова, Марија Донева, Ѓорѓи Паланков-Паланката, Вано Паланков, Ристо Атанасов, Александра Пенкова, Ристе Стурлаков, Љупчо Дилберов, Сашо Стојковски, Александра Пенкова, Трајче Димов, Весна Стојкова, Ѓоко Богевски, Никола Дафов, Бојан Арсов, Даниела Михајлова, Трајче Панов, Мима Вандова, Симон Андов, Ана Вандова, Тања Димова, Марија Илиева, Александар Божинов, Ивана Емшова, Златко Накиќ, Сашо Поцков, Владимир Ѓорѓиев, Верица Петрова, Антица Стојанова. Од помладите кои сега настапуваат се: Пане Станков, Памела Мицева, Мите Јаначков, Ѓоке Ташулов, Ќире Трпков, Елена Данова, Александар Николов, Никола Богевски  и други. Актери кои не се од Неготино но овде настапуваа и заедно придонесоа за развој  на театарот се: Петре Прличко, Васо Ангелов, Диме Бањански, Томе Атанасов-Сабро, Невенка Панова, Димче Мешковски и Владимир Ангеловски –Дади. Луѓето кои беа во позадина како технички персонал, тон и светло мајстори, сценски мајстори, испициенти, а без кои намаше да се остварат претставите се: Ефрем Тефов-Ефо, Ѓоко Стојанов- Горецот, Благој Шалев, Горан Димов, Митко Балкански, Стево Михајлов, Каме Давчев, Панчо Цеков-Доктор Цекиќ, Вано Паланков, Ѓоко Мицов, Крсте Давчев, Ѓоко Ѓорѓиев, Ѓорѓи Паланков-Паланката.  

 

КУД „Јане Сандански“ при Национална установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино 

БИОГРАФИЈА

Културно Уметничкото Друштво „Јане Сандански“ Неготино е основано 1978 година од група ентузијасти, љубители на фолклорот и изворната македонска музика вработени во истото претпријатие. Од тогаш па до денденешен успех, достојно и со многу љубов го негува и презентира македонскиот фолклор и македонските народни обичаи. Уште од самото формирање Културно Уметничкото Друштво „Јане Сандански“ Неготино ги застапува сите стилизирани и изворни кореографии како и народни македонски изворни песни и ора. Во КУД Јане Сандaнски членуваат членови од најразлични возрасти и тоа од 6 години до 66 години. На годишно ниво има од 150 до 200 членови распоредени во четири групи. Управниот одбор го сочинуваат ентузијасти, љубители на фолклорот и изворната македонска музика како и членови на друштвото. Фолклорни изведби и кореографии на Културно Уметничкото Друштво “Јане Сандански“ Неготино.

Изворни игри:

1. Игри од источна македонија се женски и машки адапации на:

− Овчеполе ,

− Штипски крстач,

− Арнаут, − Ситното,

− Калајџиско ,

− Пијанец.

2. Игри од Јужно играорно подрачје на Воден Меглен –Лерин и Костурски регион:

- Егејски игри со сценски адаптации

3. Игри и песни од Северно играорно подрачје :

− Игри и песни од Скопска Блатија – Каршијак: Баба Ѓурѓа оро ,

Потрчано и Црногорка и Женски вокални песни.

− Игри и песни од Скопска Црна Гора: Ситна Лиса, Женско

- Крстено, Женски ораводни песни и Женски вокални песни

4. Игри и песни од Долна Преспа. Кореографии

− Пиринско росно цвеќе

− Мариовска Тресеница

− Осоговка

− Гроздобер

− Водарки

− Игри од охридско

− Лазаренки

− Малешевка

− Игри и песни од Скопска Црна Гора

− Два танца

− Копачија

Од 2016 година КУД Јане Сандански-Неготино започнува со игра и песна од изворните ора во склоп со НУЦК. Ацо Ѓорчев. За изучување на стилизираните ора и изворните ора КУД Јане Сандански има двајца раководители стручен профил Етнокореолог Александар Арсов уметнички раководител и Етнокореолог раководител на оркестар Симе Стоилов кој гинегуваат и изучуваат традиционалните народни изворни ора и песни. 

ГОСТУВАЊА

Искуството на Културно Уметничкото Друштво „ЈанеСандански“ Неготино има традиција повеќе од 40 години. Во своето постоење има учествувано на врвни фестивали и манифестации. Како најпознати ќе ги издвоиме следниве:

Италија – Удине

Чехословачка – Тамворт, Прага, Братислава

Полска – Катовице, Рибник, Краков и многу други.

Германија – Келн, Хановер и многу други.

Швајцарија – Берн

Словенија – Черномељ

Хрватска – Нова Градишка, Окочани и други.

Босна и Херцеговина (Република Српска) – Градишка, Дервента,

Вишеград и други.

Р.Србија – Чачак, Бресттовац, Ниш, Крушевац, Аранѓеловац,

Владички Хан, Неготин Краина, Суботица, Зрењанин и многу други.

Австрија – Виена

Бугарија – Попово, Ахтопол, Софија.

Турција – Ајдин, Измир, Кушадаси, Дидин, Султан Хисар, Селџук и други.

Ова е само дел од богатата фолклорна историја и многубројните фестивали и манифестации на Културно Уметничкото Друштво „Јане Сандански“ Неготино. 

Контакти

Претседател на КУД Јане Сандански - Ѓорѓи Стојанов Тел : 075 324 406, Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Асистент во КУД Јане Сандански - Тања Јанева Тел: 078 217 461, Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Етнокореолог - Уметнички раководител - Александар Арсов, Тел: 072 747 416, Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Етнокореолог – Музички раководител - Симе Стоилов, Тел: 070 772 790 Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

The Cultural Society of Jane Sandanski Negotino was founded in 1978 by a group of enthusiasts, lovers of folklore and original Macedonian music employed in the same organization. From then until today, with dignity and with great love, they  nurtures and presents the Macedonian folklore and Macedonian folk customs. Since the establishment of the Cultural Society of Jane Sandanski Negotino has represented  stylized and original choreographies as well as folk Macedonian folk songs and dances. The Cultural Society of Jane Sandanski has members of all ages ranging from 6 years to 66 years. Annually there are 150 to 200 members divided into four groups. The leaders of ensemble are enthusiasts, folklore lovers and lovers of original Macedonian music.  Folk performances and choreographies of the Cultural Society of Jane Sandanski Negotino. 

Original traditional dances:  

     1. Games from Eastern Macedonia are female and male adaptations of:  

• Ovčepole ,

• Štipski krstač, 

• Arnaut,

• Sitnoto, 

• Кalajdžisko ,

• Pijanec.

2. Games from the Southern Dance Area of Voden Meglen - Lerin and Kostur Region: 

• Aegean games with stage adaptations 

3. Northern Dance and Songs:

• Dances and songs of Skopje’s Blatija – Karsiak, Grenmather Gjurgja oro,

• Potrčano, Female vocal songs.

• Dances and songs od Skopje’s Montenegro: Sitna Lisa, Krsteno, Female vocal songs. 

4. Traditional dances and songs of Dolna Prespa:

• Pirins dews flowers

• Mariovska Tresenica

• Osogovka

• Grozdober

• Vodarki

• Dance of ohridsko

• Lazarenki

• Maleševka

• Dances and songs of Skopska Crna Gora

• Dva tanca

• Кopačija

From 2016 KUD Jane Sandanski-Negotino starts playing and singing from original dances within NUCC Aco Gjorchev.For the study of stylized dances and original dances KUD Jane Sandanski has two heads of professional profile Ethnocoreologist: Aleksandar Arsov (Artistic Director) and Ethnocoreologist:  

Sime Stoilov (Orchestras Director). The experience of the Cultural Society of Jane Sandanski Negotino has more than 40 years of tradition. In its existence it has participated in top festivals and manifestations.  As most femouose, we singled out: 

• Udine, Italy

• Czechoslovakia - Tamworth, Prague, Bratislava.

• Poland - Katowice, Ribnik, Krakow and many more.

• Germany - Cologne, Hannover and many others.

• Switzerland – Bern.

• Slovenia – Chernomej.

• Croatia - Nova Gradiska, Okocani and others.

• Bosnia and Herzegovina - Gradiska, Derventa, Visegrad and others.

• R. Serbia –Novi Pazar, Cacak, Brestovac, Nis, Krusevac, Arandjelovac, Vladichinhan, Negotin Krajina, Sjenica, Tutin, Subotica, Zrenjanin and many others.

• Austria – Vienna.

• Bulgaria - Popovo, Ahtopol, Sofia.

• Turkey - Aydin, Izmir, Kusadasi, Didin, Sultan Hisar, Seljuk and others. 

 This is only a part of the rich folk history and numerous festivals and manifestations of the Jane Sandanski Cultural Society of Negotino.

 

 Contacts

President of the ensemble: Gjorgji Stojanov, tel:+389 75 324 406, email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Assistant: Tanja Jeneva, tel: +398 78 217 461 , email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ethnocoreologist - Artistic Director: Aleksandar Arsov, tel: +389 72 747 416, email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ethnocoreologist – Music Director: Sime Stoilov, tel: +389 70 772 790, email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 GALERY

 

       
       
       

 

Link to photos on Facebook page: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.115910094360728&type=3

Link to youtube: https://www.youtube.com/watch?v=YCbLdcG7vUs

                        https://www.youtube.com/watch?v=I14qLPPTRNE

                        https://www.youtube.com/watch?v=MEUcCTG87ZQ

                        https://www.youtube.com/watch?v=9cjo5fATrkE

                        https://www.youtube.com/watch?v=Ei7G3auBXBg

                        https://www.youtube.com/watch?v=bTfNvQpGs8s

                        https://www.youtube.com/watch?v=TQIzDOH7eJ4

                        https://www.youtube.com/watch?v=L5yuf0ORlrM