Даме Груев бб,
1440 Неготино

Меѓународен Фестивал „Манастирски фолкорни средби“ 

 

        Манастирот ,,Св.Ѓорѓи“ со својот изглед и местоположба овозможува во него да се организираат  разни културни средби и манифестации. Од 2010 година со поддршка на Министерството за култур за првпат го организиравме Меѓународниот Фестивал „Манастирски фолклорни средби“ од тогаш па се до денес секоја година на овој Фестивал ни гостуваат културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од многу земји како што се Србија , Хрватска , Бугарија , Грција, Турција, Литванија, Полска, Бугарија, Италија и се разбира од Македонија. Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев“  со долгодишното организирање на овој фестивал успеа да овој фестивал стане традиционален и истиот стана  препознатлив во нашиот регион и пошироко.  Целта на организирање на овој проект е афирмација на нашето фолклорно  богатство, зачувување на фолклорните традиции  и афирмација на нашиот град Неготино со  Манастирот „Св.Ѓорѓи“ и запознавање на  убавините кој ги нуди овој прекрасен  објект  trusted tablets и овозможува  развој не само на културата туку и на  транзитниот и винскиот туризам во овој регион.

 

 

 

Неготинска поетска вечер

 

Во рамките на Националната установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино се негува литературната дејност, преку организирање на литературни читања, настани и преаентации на книги. Една од поновите вакви настани кои привлекоа големо влијание во нашиот град е настанот „Неготинска поетска вечер“. Овој настан Центарот за култура за прв пат го организира во 2015 година и го организиравме и во 2016.

 

Балкански културни средби го започнавме во 2011 година во соработка со  Општина Тепеџик од Р. Турција. Во 2012 година го подигнавме на повисоко ниво и го организиравме во главниот град на Р.Македонија, Скопје. 15 Ликовни уметници од Рeпублика Турција и 7 реномирани ликовни уметници од Република Македонија меѓу кои беа Томе Мишев, Симонида Филипова Китановска, Тања Таневска учествуваа во проектот „Балкански културни среби 2“ , тие на плоштадот во центарот на Скопје во близина на фонтаната „Победа“ на ликовен хепенинг изработија уметнички дела кои потоа беа  изложени во  Музеј на град Скопје. Во 2013 истиот проект се оствари во Неготино и на плоштадот во градот Прилеп.

Колаж од слики од Балкански културни средби Неготино-Скопје 2012

 

Во 2015 година го организиравме со 16 уметници од Македонија, Србија, Словенија Бугарија и Турција, а со истите го посетивме Охрид каде што се направи ликовен хепенинг на шеталиштето покрај езерото, а потоа се одржа и изложба во Центарот за култура во Охрид. Во 2016 година направивме ликовен хепенинг со учество на уметници од Тиквешијата во дворот на Манастирот „Св. Ѓорѓи“ Неготино исто така овој настан заврши со ликовна изложба во галеријата поточно во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино. Балкански културни средби продолжува да живее и оваа година  ќе се организира во месец јуни, така што со долгогодишното негово одржување овој настан веќе  стана традиционален и прерасна во еден вид на ликовна колонија и е единствен препознатлив настан од овој вид во нашиот град Неготино.

 

Колаж од слики од Балкански културни Средби Неготино-Охрид 2015

https://www.youtube.com/watch?v=a1ly1dELe_U  - Линк 1 од видео Балкански културни средби 2015 Неготино

https://www.youtube.com/watch?v=svGHiq9XC_I&t=2s - Линк2 од видео Балкански културни средби 2015 Охрид