Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центарот за култура од Неготино „Ацо Ѓорчев“ организираат изложба со наслов “Descubre Sefarad” (Патот на Сефардите) која се состои од 20 фотографии. Магичното патување низ градовите Авила, Кордоба, Толедо, Овиедо, Рибадавија и 13 други градови во убавата Шпанија е претставено низ фотографии кои зрачат со спокојство и хармонија. Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е создавач на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград ,Токио и Скопје. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 11.12.2019 година (среда) во киното на Центарот за култура филмот - „Гостинот“, почеток од 19:00 час. влез 100 денари.

 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
Почитувани пријатели !
Ве покануваме на 42 - от Годишен концерт на КУД Јане Сандански Неготино при НУ Центар за Култура Ацо Ѓорчев Неготино. Како и секоја година во духот на традицијата КУД Јане Сандански ќе се претстави со комплетни нови сценски адаптации, кореографски содржини и вокално инструментални сегменти од македонската традиционална култура. Ве очекуваме да дојдете и да го погледнете сработеното  од цела 2019 година.
МЕСТО НА НАСТАН : НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА НЕГОТИНО,  ВЛЕЗ : 100 ДЕНАРИ 14.12.2019 год. (сабота)

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 03.12.2019 година (вторник) со почеток од 18:30 часот, игран филм за деца: „Двојна неволја и магичното огледало“ влез само 50 денари!

 

 

Кратка содржина:

Фридо е весело дете и исто како и повеќето деца на негова возраст, малку мрзливо во училиште. Еден ден бегајќи од расправата на неговите родители, ќе налета на магично огледало на градскиот саем. Со помош на магија ќе создаде свој двојник - кој е совршен во сè што Фридо не е. Со помош на двојникот, кој е многу добар во училиште, Фридо почнува да има сè помалку обврски. Најпрво е многу забавно што дури ќе му ја каже својата тајна на најдобриот другар Емил сè додека сите соученици не се дознаат и направат сопствени двојници. Никој повеќе не оди на училиште, па откачените двојници почнуваат да доминираат. Оригиналните деца почнуваат да сфаќаат дека им недостасува стариот живот и одлучуваат да ги преземат работите во свои раце со поставување стапица што ќе ги натера двојниците навреме да се вратат во огледалото.

Режија: Маркус Х. Розенмилер

Сценарио: Нора Лемерман, Симоне Хефт
Продукција: VIAFILM GmbH & Co. KG

Продуценти Бенедикт Белхоф, Макс Фрауенкнехт

КинематограферШтефан Библ
УлогиЛуис Форбах, Јона Генслен, Маргарита Бројх

ЗастапникАРРИ МЕДИА

Дистрибутер за МакедонијаУзенгија Дооел

Награди: Kinder-Medien-Preis "Der weiße Elefant" – Best Film

Фестивали:

Zlín Film Festival 2019

Giffoni Film Festival 2019