Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 1 октомври 2020 (четврток) со почеток од 18:00 во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ (или по можност на отворено) ќе се отвори изложбата на фотографии од  најстарите икони и фрескоикони од Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, која што е посветена во чест на јубилејот „1000 години Бигорски Манастир“. Ве покануваме да ја посетите изложбата, која воедно ќе биде збогатена со вокално инструментален репертоар со настап на членови на КУД „Јане Сандански“ при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
Ве покануваме на концерт на отворено на градскиот плоштад во Неготино. Концертот го организира Центарот за Култура во Неготино, а концертот е поддржан од Министерството за Култура. Ќе свириме светски хитови, евергрини, филмска музика но и ќе има нешто и за најмалите. Ве очекуваме на плоштадот во Неготино на 15ти Септември од 19:30ч.
Ваши Брасстет Скопје...
Напишано од НУЦК
Категорија:

На 20. август 2020 година во компплесот на Манастирот „Св. Ѓорѓи“ Неготино ќе се одржи традиционалната детска ликовна колонија. На оваа колонија поради ситуацијата со корона вирусот оваа година учество ќе земат само, талентирани ученици од нашата Општина. Истата ќе биде оддржана по протокол со сите мерки на заштита.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 9 септември со почеток од 19:00 часот во дворот на Манастирот „Св. Ѓорѓи“ Неготино, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино и оваа година повторно ќе ја организира традиционалната манифестација „Неготинска поетска вечер“, на оваа вечер покрај настапот на повеќемина поети од повеќе градови од Македонија учество ќе земат музичарите Силвана Чулева Атанасова на флејта и Емилија Кабранова Филипова на пијано, ги покануваме сите љубители на поезијата да присуствуваат на овој настан.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:
Џез фестивал 1440 Неготино во организација на Национална установа Центар за култура “Ацо Ѓорчев” Неготино и Министерство за Култура.
Проект од областа на културата...
Ќе учествуваат:
- Filip Stevanovski band
- Bongas and Guitares
- Ѓоко Ѓорчев
12 август (СРЕДА)
Почеток: 21.00 часот
ПЛАТО пред НУЦК “Ацо Ѓорчев” Неготино
НАСТАНОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ СО ЗАПАЗЕНИ СИТЕ МЕРКИ И ПРОТОКОЛИ