Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 28.11.2018 (среда) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Хесус“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!

Хесус“ (2016)  во режија на Фернандо Гузони, 86 минути

„Хесус“ – чилеанска драма-трилер за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите, филмот во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др.

Кратка содржина:  
Сантијаго, Чиле. Хесус, 18, живее сам со неговиот татко Хектор во станот каде што телевизорот ја надоместува нивната неспособност да комуницираат. Остатокот од времето, тој танцува во бенд, се дружи со пријателите и се дрогира, гледа неморални видеа и има секс на јавни места, трагајќи по возбуда. Една ноќ, заедно со неговите пријатели, станува дел од непоправлива несреќа. Овој настан ќе ги зближи Хесус и Хектор како никогаш порано, но истовремено и ќе ги уништи засекогаш.

 

Дистрибутер на филмот е Катавеј Дооел.