Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Од 13 до 15 септември 2019 година на ѕидот пред влезот на зградата на Националната установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, се изработи мозаик од уметници од Кочани.  Голема благодарност пред се до уметниците Блашка Миева и Александра Димитрова од здружението „Macedonia Welcome Center“  кои несебично се вложија и со својата креативност разубавија дел од нашето централно градско подрачје. Да се надеваме дека во иднина ќе се реализираат уште вакви и слични проекти во нашиот град. Благодарност и до Општината Неготино, градоначалникот и Министерството за култура кои го одобрија проектот.