Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 04.12.2018 (вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Помош ја смалив наставничката“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Филмот е одлична комедија и прифатлив  за мали деца и ученици не пропуштајте!

Кратка содржина: Помoш, ја смалив наставничката!

 

Училишна филмска авантура „Помош, ја смалив учителката“ за 11-годишниот Феликс, на кој никој не му верува дека ја „смалил“ неомилената директорка на училиштето. Режијата е на Свен Унтервалт Јуниор и трае 90 минути.

 

Дури ни самиот Феликс не знае како ја смалил директорката на само 15 сантиметри и дали има некаква врска со духот на основачот на училиштето. Тој сега има голем проблем за средување бидејќи минијатурната директорка се наоѓа во неговиот ранец каде се уште се расправа и го кара. Заедно со неговата директорка Ела и против ривалот Марио и неговиот татко, Феликс мора да се обиде да ја врати директорката во оригиналната големина. Ако само престане да досадува!

Напишано од НУЦК
Категорија:

Професорката Весна Ристова во соработка со Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино на 07.12.2018 год. (петок) пред неготинската публика ќе се претстави со театарската претстава „Че се омажам за него и точка!“, во изведба на ученици од ООУ "Гоце Делчев" - Неготино, кои се воедно членови и во Клуб 14+ при Клубот на Црвен крст во училиштето. Оваа театарска претстава е по авторски текст на проф. Весна Ристова, која воедно е и режисер на истата. Средствата собрани од продажбата на картите од планираната Премиера ќе бидат донирани во хуманитарни цели, во соработка со Црвен крст Неготино.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 29.11.2018 (четврток) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Господин Мол и фабриката за чоколадо“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 70 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Филмот е комедија и прифатлив и за деца не пропуштајте!

Господин Мол и фабриката за чоколадо (2017) во режија на Мануел Флурин Хендри, 90 мин

Кратка содржина:    

 

Целата приказна се случува кога г-дин Мол е сам дома со децата. Всушност се случува еден чоколаден хаос. Додека г-дин Мол работи прекувремено во фабриката за чоколада неговите деца се впуштаат во борба со децата на соседите – борба која настанува со слатки и се случува тотален хаос. Како дел од истата е миленичето Circus Dog.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 03.12.2018 (понеделник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува документарниот филм - „Младешка самотија“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!

Кратка содржина

 

Клер Симон ни прикажува еден важен период од животот на секој човек, од 16 до 18 години. Сместени во едно париско предградие во средно училиште (за оние што се доволно среќни воопшто да одат на училиште), тинејџерки разговараат по и за време на часовите, седнати во школските ходници или надвор на некоја клупа, гледајќи во градот под нив. Клер Симот поставува кинематографски дијалог со тинејџерките, кои зборуваат за нивниот личен живот, за нивните семејства, но и за страстите и осаменоста.

Година: 2018
РежијаКлер Симон
Времетраење: 100 мин
Земја
Франција
Жанр
Документарен
Kатегорија: 8+
Дистрибутер: KT Филм и медиа ДООЕЛ

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 28.11.2018 (среда) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Хесус“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!

Хесус“ (2016)  во режија на Фернандо Гузони, 86 минути

„Хесус“ – чилеанска драма-трилер за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите, филмот во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др.

Кратка содржина:  
Сантијаго, Чиле. Хесус, 18, живее сам со неговиот татко Хектор во станот каде што телевизорот ја надоместува нивната неспособност да комуницираат. Остатокот од времето, тој танцува во бенд, се дружи со пријателите и се дрогира, гледа неморални видеа и има секс на јавни места, трагајќи по возбуда. Една ноќ, заедно со неговите пријатели, станува дел од непоправлива несреќа. Овој настан ќе ги зближи Хесус и Хектор како никогаш порано, но истовремено и ќе ги уништи засекогаш.

 

Дистрибутер на филмот е Катавеј Дооел.