Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:
Почитувани љубители на театарот и театарската уметност, чест и задоволство ни е да најавиме дека на 27.10.2022 година со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино настап ќе има уште една професионална театарска претстава.
Во гости ни доаѓа Театар Куманово со комедијата "Секс и лаги" која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот "Денови на комедија 2022".
? Театарска претстава која заслужува задолжително присуство!
? Билетите се во продажба во НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино од 18.10.2022 (вторник) по цена од 200 денари.