Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 01 и 02.06.2019 год. (сабота и недела) со почеток од 20 часот на плоштадот на град Неготино повторно ќе се оддржи традиционалниот Фолклорен фестивал, Манастирски фолклорни средби. Ги покануваме граѓаните на град Неготино да присуствуваат на овој настан, каде што учество ќе земат културно уметнички друштва од повеќе градови од Македонија и странство. Не пропуштајте!

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 10.05.2019 год. (петок) со почеток од 20:00 час. во НУ Центар за култура ќе ни гостува аматерскиот театар од Соко Бања со познатата театарска претстава „Арсеник и старите тантели“. Не пропуштајте ја оваа можност да ја погледнете оваа урнебесна комедија во изведба на аматерскиот театар од Соко Бања - Р. Србија. Влез :100 ден.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

Почитувани сограѓани, на 30.04.2019 год. со почеток од 20:00 час. повторно во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи најпознатата традиционална музичка Манифестација „Најдобар Глас“, ве покануваме да не го пропуштите овој настан и да им дадеме поддршка на младите таленти од нашиот град за да се афирмираат и понатаму да се изградат во професионални пеачи. Како што во изминатите децении излегле многумина познати естрадни уметници од нашиот град Неготино започнувајќи токму од оваа Манифестација. Младите таленти кои ќе настапуваат на „Најдобар глас“ ќе ги оценува комисија од следниот состав: Кристина Палија, Филип Стевановски и Ѓоко Ѓорчев. 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

Традиционално секоја година на Велигден во Центарот за култура се организира избор на најдобро декорирано Велигденско јајце. Така и оваа година на 30.04.2019 год. (вторник) со почеток од 12:00 час. во фоајето на Центарот за култура ве покануваме да присуствувате на овој настан!

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 23.04.2019 год. (вторник) од 18:00 час. во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира Литературно читање од ученици од ООУ „Гоце Делчев“ и подрачното училиште од Долни Дисан, а ќе бидат пропратени со музички точки во изведба на ученици од ОМУ „Владимир Арсовски“ Неготино. Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да присуствуваат на овој настан.