Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 25.02.2019 година во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе гостува аматерски театар од Крива Паланка со комедијата: „Јас повеќе не судам тие ми пресудија мене“, почеток од 19:00 часот влез: 100 денари. Не пропуштајте!

Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино хуманитарната театарска претстава „Умри машки" во изведба на Аматерскиот Театар „Мирка Гинова" од Демир Капиja, овој настан е во склоп на проектот Хуманитарен маратон - „Неготино се буди". Вашите средства ќе одат во прилог на најзагрозеното семејство во општината, за луѓе кои немаат стабилен покрив над главата, живеат во куќа која може да се распадне во секој еден момент. Ве покануваме да ја погледнете оваа одлична комедија.



Автор: Алдо Николај
Режија: Томе Атанасов
Играат: Кристина Николовска
Томе Атанасов
Крсте Мелов
Димче Бањански

Сметка за донации: 240197002114139
Милан Најдов

Традиционално како и секоја година така и оваа на 15.12.2018 год. (сабота) со почеток од 19:00 час. Годишен концерт ќе одржи КУД „Јане Сандански“ при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино. Гости на вечерта ќе биде КУД „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, влез само 50 ден. Не пропуштајте!

 

 

 

На 14.12.2018 год. (петок) со почеток од 18:00 час. во АРТ галеријата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи Изложба на макети од повеќе познати манастири изработени од Стево Михајлов и Горан Манчев, ве поканувавме да присуствувате на овој несекојдневен настан.