Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 11 и 12 март (понеделник и вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува играниот филм „Тегла полна живот“, влез: 100 денари.

A Jar Full of Life (Тегла полна живот)

Кратка содржина: Марлен е млада жена чијшто живот сѐ уште не почнал. Веќе во своите рани дваесетти, таа сѐ уште живее со родителите и нема никакви цели и аспирации. Заглавена во монотонија од којашто не гледа излез, дури и нејзиниот сакан постар брат не може да ја спаси од нешто што ѝ личи на вечна криза. Кога ќе ја разбуди една лична трагедија, Марлен тргнува во авантура за којашто очигледно не е спремна: брод ја чека во Хамбург за да ја однесе до Антарктикот. Но, како ли ќе стигне до таму со само осум евра во џебот? Тоа е почетокот на едно епско патување, кое е исто толку духовито колку и емотивно.

Времетраење / Runtime: 95’
Режија / Director: Florian Ross
Држава/ Country: Германија/ Germany
Година/ Year: 2018
Жанр
/ Genres: Комедија, Драма/ Comedy, Drama
Дистрибутер: Катавеј ДООЕЛ


линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt7333070/?ref_=nv_sr_1
линк од трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=o-5Dd1sYWZc

 

Традиционално по повод Меѓународниот ден на мајчинот јазик во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ Неготино и Музичкото училиште „Владимир Арсовски“, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино организира Литературно читање и изведби на музички дела на пијано и виолина, Одбележувањето на празникот ќе се одржи на 21.02.2019 год. (четврток) со почеток од 18:00 часот во фоајето на Центарот  за култура, ги покануваме сите вљубеници на пишаниот збор да присуствуаат на овој настан.

 

 

На 26 и 27 февруари (вторник и среда) 2019 година со почеток од 20:00 часот во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува играниот филм (трилер) : „Куќата што ја изгради Џек“, филмот ќе се прикажува во исто време во повеќе градови низ Македонија: Скопје Синеплекс, Битола , Прилеп и Струга. Не ја пропуштајте можноста да го погледнете овој трилер кој има оцена 7  на IMDb! Влез:100 денари.

The House That Jack Built (Куќата што ја изгради Џек)


Кратка содржина: САД во 1970-тите. Го следиме високо интелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец. Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. „Куќата што ја изгради Џек“ е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

Времетраење / Runtime: 155’
Режија/ Director: Lars von Trier

 


линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt4003440/?ref_=nv_sr_1
линк од трејлерhttps://www.youtube.com/watch?v=BYF2tfdD1fA