Даме Груев бб,
1440 Неготино

Традиционално секоја година на Велигден во Центарот за култура се организира избор на најдобро декорирано Велигденско јајце. Така и оваа година на 30.04.2019 год. (вторник) со почеток од 12:00 час. во фоајето на Центарот за култура ве покануваме да присуствувате на овој настан!

 

Почитувани сограѓани, на 30.04.2019 год. со почеток од 20:00 час. повторно во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи најпознатата традиционална музичка Манифестација „Најдобар Глас“, ве покануваме да не го пропуштите овој настан и да им дадеме поддршка на младите таленти од нашиот град за да се афирмираат и понатаму да се изградат во професионални пеачи. Како што во изминатите децении излегле многумина познати естрадни уметници од нашиот град Неготино започнувајќи токму од оваа Манифестација. Младите таленти кои ќе настапуваат на „Најдобар глас“ ќе ги оценува комисија од следниот состав: Кристина Палија, Филип Стевановски и Ѓоко Ѓорчев. 

 

На 23.04.2019 год. (вторник) од 18:00 час. во фоајето на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира Литературно читање од ученици од ООУ „Гоце Делчев“ и подрачното училиште од Долни Дисан, а ќе бидат пропратени со музички точки во изведба на ученици од ОМУ „Владимир Арсовски“ Неготино. Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор да присуствуваат на овој настан.

 

На 19.04.2019 година (петок) со почеток од 20:00 часот  во Арт Галеријата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино - Изложба на ликовните уметници Ѓурѓица Станоева, Мето Ангелов, Игор Мишев и Сашо Јанев од Неготино. Ги покануваме сите љубители на ликовната уметност да дојдат на отварањето на изложбата.