Даме Груев бб,
1440 Неготино

Самостојна изложба на ликовниот уметник Ангел Миов насловена како: Wr Wood en reality. Изложбата се одржа во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино,  на која се почитуваа сите протоколи за заштита од COVID 19 вирусот.

 

 

 

 

На 27.10.2021 година (среда) со почеток од 18:30 часот ќе се прикажува играниот филм „Маре“, претставата ќе се одржи по сите протоколи за заштита од COVID 19 вирусот.  Влез: 100 денари.

KРАТКА СОДРЖИНА

Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако новата машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.

Година: 2020
Режија: Андреа Штака
Времетраење
:  84 мин
Земја
: Швајцарија / Хрватска
Жанр
драма
Дистрибутер: Катавеј
Возрасна Категорија
: 12+

Линк од imdb:  https://www.imdb.com/title/tt7583460/?ref_=fn_al_tt_1

 

Почитувани, на 19.10. 2021 година (вторник) со почеток од 12:00 часот, ќе се одржи Изложба на дела изработени од хартија - Квилинг техника, изработени од членовите на креативната работилница при Центарот за култура од  Крива Паланка. Ги покануваме сите заинтересирани за уметноста да присуствуваат на отварањето во Фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, при што задолжително е да се придржуваат кон мерките за заштита од COVID 19 вирусот.

На 10.10.2021 година (недела) со почеток од 19:00 часот КУД „Јане Сандански“ при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе го одржи својот годишен концерт  со што ќе ги  заокружи сите предвидени  активности во фолклорната дејност за 2021 година. Концертот ќе се одржи според сите КОВИД мерки и протоколи, влез: 100 денари.