Даме груев бб,
1440 Неготино

Во салата на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ни гостува светски реномираната и позната музичка група „Баклава“. Концертот започнува во 19:30 часот, а влезот е само 100 денари! Не пропуштајте да го проследите овој несекојдневен настан и да уживате во прекрасните изведби на познатите македонски песни! 

Почитувани сограѓани, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ве информира дека на 25 септември (вторник) и 27 септември (четврток) со почеток од 19:30 час. во киното-салата на Центарот за култура ќе се прикажува ревија на Европски филмови. За истата влезот е слободен! 

 
Концерт на класична музика на Тоше Поп-Лазаров од Радовиш (Магистар по пијано) во НУ центар за култура „АЦО ГОРЧЕВ„ - НЕГОТИНО со почеток од 19:30 часот.
Пред  публиката ке се претстави со Концерт- Програма составена  од композициите
1.„Хроматска фантазија и фуга„  од Ј.С.Бах
2,„Соната за пијано  „ од Ј.Хајдн
3,„Соната  Реминисценза(Sonata  Reminiscenza  OP.38,No1) од Николаи Метнер
4,„Седум балкански Игри „од  Марко Тајќевиќ
Влез слободен, повелете на овој несекојдневен настан.
(Тоше Поплазаров е роден 28,10,1993г во Радовиш, Основно музичко има завршено во Радовиш,Средно музичко во ДМУЦ„Сергеј Михајлов „Штип, Дипломира и Магистрира со висок просек изведувач на Појано  на ФМУ при УКИМ Скопје  во класата  на професор  мр-Рита Поповик , во досегашните  настапи има освоено повеке високи  награди на републичко и балканско ниво.)
 
Овој настан е подржан од Министерство за култура на Р.М.

Денови на Македонскиот Филм и Денови на „Ацо Ѓорчев“, во Центарот за култура ќе се прикажуваат македонски филмови, а за истите влезот е слободен. На ден 19 септември (среда) од 18:00 час. ќе се прикажува филмот „Златна петорка“ , а од 20:00 час. ќе се прикажува филмот „Среќна нова 49та“ во чест на нашиот најпознат актер по кој го носиме и името „Ацо Ѓорчев“ во проектот „Денови на Ацо Ѓорчев“. На ден 20 септември (четврток) ќе се пикажува филмот „Ах љубов моја“ од 19:30 час. Ги покануваме сите вљубеници во на филмската уметоност да дојдат и да ги проследат филмовите кои ќе се прикажуваат бесплатно во киното на Центарот за култура преку проектот Денови на македонскиот филм, кој е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.