Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 16. и 17.12.2021 година (четврток и петок) со почеток од 18:30 час. во

Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува играниот филм

за деца „Стакленото момче“, настанот ќе се одржи по сите протоколи

за заштита од CODIV 19 вирусот.

СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ

Времетраење / Runtime: 90’

Држава / Country: Италија, Австрија Швајцарија / Italy, Austria, Switzerland

Режија / Director: Samuele Rossi

Кратка содржина:

Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори

од нескротлива желба за слободна и бескрајна храброст: решава да ја

почне својата авантура во светот и да им покаже на сите дека може

да живее како и секое друго дете.

 
Еве линк од IMDB за повеќе информации за филмот - 
 

На 15.12.2021 година ( среда ) со почеток од 18:30 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, Аматерскиот театар при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија ќе гостува со тетарската претстава за деца „Бајка за бајките“ во режија на Димче Бањански. Настанот ќе се одржи по сите протоколи за заштита од COVID 19, влез само 50 денари.

На 07.12.2021 година (вторник) со почеток од 19:00 часот во Центарот за култура ќе се одржи најпознатата традиционална манифестација „Најдобар Глас 2021“, ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на овој настан и да им дадат подршка на младите таленти учесници од нашиот град кој за прв пат ќе настапат на јавна музичка сцена. Напоменуваме дека настанот ќе се одржи по сите протоколи за заштита од CODIV 19 вирусот. Влез 100 денари.