Даме Груев бб,
1440 Неготино

Почитувани, на 02.02.2023 година (четврток) од 18:30 часот премиерно ќе биде прикажан детскиот игран филм "МАКС И БЕСНАТА  ДРУЖИНА".
? Макс влетува во возбудлива криминална истрага со намќорестите пензионери од Бесната дружина иако сите заедно имаат повеќе од 200 години.
 
 
Категоризација: 8+ години
?Влез: 100 ден.
НА 17.11.2022 година (четврток) со почеток од 19:00 часот ПРЕМИЕРА на најновиот игран филм на Милчо Манчевски - „КАЈМАК“, влез 150 денари. Не ја пропуштајте можноста да го погледнете премиерното прикажување во Киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино истовремено со сите кина во Македонија.
 
Содржина на филмот:
Две семејства си ја бараат среќата - пристојни на почетокот, среќни на крајот.
 
Актери:
Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ
 
Режисер и сценарист:
Милчо Манчевски
 
Времетраење:
1 час 46 минути
 
Копродукција меѓу:
Македонија, Данска, Холандија и Хрватска, со поддршка на Еуримаж
 
Година на продукција:
2022
 
Жанр:
црна комедија

https://www.facebook.com/kaymak.themovie/videos/2705337236265779/

 
 
Почитувани љубители на театарот и театарската уметност, чест и задоволство ни е да најавиме дека на 27.10.2022 година со почеток од 20:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино настап ќе има уште една професионална театарска претстава.
Во гости ни доаѓа Театар Куманово со комедијата "Секс и лаги" која беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот "Денови на комедија 2022".
? Театарска претстава која заслужува задолжително присуство!
? Билетите се во продажба во НУЦК "Ацо Ѓорчев" Неготино од 18.10.2022 (вторник) по цена од 200 денари.