Како една од дејностите во Центарот за култура Неготино секако спаѓа и Ликовно галериската дејност. Од 2007 година во нашата установа започна да се негува и оваа дејност, од тогаш па наваму во галеријата на Центарот за култура свои изложби имаа многу познати имиња од оваа уметност. Првите вистински чекори за заживувањето на ликовната галерија во Центарот за култура започнаа со взаемната соработка помеѓу ликовните уметници од град Неготино, Илија Спасов-Чендо и Томе Мишев. Со нивна помош се направи галерискиот простор и се отпочна со првите сериозни чекори со носење на познати и афиримирани уметници од Македонија и странство. Потоа следува унапредување во оваа област и со пренамена на Фоајето во Галериски и простор полека но сигурно започна да се развива оваа дејност која сега можеме да кажеме дека стои на цврсти нозе.
Пеачката група „Лира“ е формирана во рамките на Националната установа центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино. Целата на оваа пеачка група е да ги зачува изворните песни од Тиквешкиот регион и истите да ги презентира насекаде каде настапува, како на разни фестивали во Македонија така и надвор од неа. Самата идеја за формирањето на пеачката група „Лира“ произлезе од веќе одамна расформиранта но во нашата меморија зачувана пеачка група „Распеани Неготинчани“.
Фото и видео клубот „Ацо Ѓорчев“ Неготино се формира на 14.10.2015 година во просториите на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино како дел од Центарот за култура.Во овој клуб членуваат скоро сите фотографи од град Неготино кои се професионално работат со фотографија, како и аматери вљубеници ентузијасти во фотографијата. Целта на овој клуб е да се промовира уметничката фотографија преку организирање на изложби, воедно и да се зачува историјата на град Неготино преку видео и фотографија. Од своето постоење со самото формирање, нашиот клуб веќе направи неколку изложби на фотографија.
Фотографии од првиот состанок од формирањето на клубот 14.10.2015 год.