Виртуозите од „Пијано Трио“ — Татијана Петрушевска, Марјан Милошевски и Петар Макариевски, приредија вистинско музичко доживување за сите љубители на класичната музика.
Настанот помина во прекрасна и топла атмосфера, а присутните уживаа во извонредните изведби на делата од Моцарт, Ѓумар, Иванов и останатите композитори.
Аматерскиот театар при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се враќа во полн сјај на сцената!
Извонредниот театарски ансамбл со огромен успех ја реализираше претставата „Што виде батлерот“ од Џо Ортон, во режија на Златко Цветковски, доживувајќи дури 6 успешни репризи пред задоволната публика. ✨
Упатуваме огромна благодарност до Министерството за култура и туризам кое го препозна квалитетот и го одобри овој значаен проект за нашата локална културна сцена!
Честитки до целиот тим и до верната публика која секогаш е наш најголем ветар во грб!
Театарска претстава "ЖЕНИДБА" од Николај Гогољ во режија на Ѓорѓи Ташулов и изведба на членовите на Аматерскиот театар на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев".