Аматерскиот театар при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се враќа во полн сјај на сцената!
Извонредниот театарски ансамбл со огромен успех ја реализираше претставата „Што виде батлерот“ од Џо Ортон, во режија на Златко Цветковски, доживувајќи дури 6 успешни репризи пред задоволната публика. ✨
Упатуваме огромна благодарност до Министерството за култура и туризам кое го препозна квалитетот и го одобри овој значаен проект за нашата локална културна сцена!
Честитки до целиот тим и до верната публика која секогаш е наш најголем ветар во грб!
Наскоро се гледаме со нови театарски магији!
#Театар #Култура #Неготино #АцоЃорчев #Претстава #ТеатарскиЖивот
