Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:
Со посебно задоволство ја споделуваме веста дека КУД „Јане Сандански“ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ - Неготино оствари успешен настап на 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.
Марија Добриновска се врати со освоена награда за најдобра вокална изведба за песната „Болен лежи млад Никола“ од етничкиот предел Скопска Блатија.
Искрени честитки до Марија за овој прекрасен успех, како и до целиот ансамбл кој достоинствено ги претставува нашата традиција и култура.
Ѝ посакуваме уште многу успеси и отпеани песни во иднина!
  
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:
КУД „Јане Сандански“ при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино учествуваше на 32. Меѓународен „Дубнички фолклорен фестивал“, кој се одржа во Дубница на Вахом, Словачка, во 2026 година.
Ансамблот учествуваше на две фестивалски вечери, претставувајќи ја македонската фолклорна традиција во целост, преку сите четири сегменти: оркестар, игра, пеење и носија.
Пред фестивалската публика, КУД „Јане Сандански“ се претстави со репертоар во традиционална и стилизирана форма, преку кореографии и изведби како:
? „Ораовички собор“
? „Малешевка“
? Ороводната песна „Младо Виде“
? „Копачка“ – традиционална македонска игра која е дел од нематеријалното културно наследство на човештвото под заштита на УНЕСКО.
Со својот настап, ансамблот достојно ја претстави македонската фолклорна традиција, нејзината музика, игра, песна и автентичната убавина на македонската народна носија.
Учеството на вакви меѓународни фестивали е од особено значење за промоцијата и афирмацијата на македонското културно наследство, како и за воспоставување нови културни контакти и соработка со фолклорни ансамбли од други земји.
?? Со песна, игра и традиција – ја претставуваме Македонија пред светот!
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:
Незаборавна, топла и прекрасна изведба на комедијата „Женидба“ од Н. В. Гогољ! ?❤️
Срцето ни е полно! Огромни пофалби за нашите прекрасни глумци, кои на сцената оставија дел од својата душа и со својата искрена игра и енергија измамија многу насмевки, емоции и громогласни аплаузи.
Прекрасното расположение, отворените срца и искреното гостопримство го направија ова гостување во Брестовац навистина посебно искуство што долго ќе го паметиме.
Упатуваме длабока и искрена благодарност до сите прекрасни луѓе од Дом на културата Брестовац за топлиот пречек, домаќинската грижа и искреното пријателство.
Ви благодариме од срце за секој момент и со радост ги очекуваме следните уметнички средби!
 
 
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:
? ГОДИШНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВO НЕГОТИНО! ?
И оваа година 2026 ја прославиме креативноста, фантазијата и шаренилото на младите уметници! ?️✨
Граѓаните на Неготино уживаа во прекрасните творби на децата, создадени со многу љубов, имагинација и талент.
? Датум: 6 Август
⏰ Време: 20:00 часот
? Локација: Фоаје на Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино
? Програма: Изложба
  
 
 
 
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:
Од 14 до 23 август, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино го најавува ревијалното издание на Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“, како дел од програмата „Културно лето Неготино 2026“.
Нашата сцена ќе биде домаќин на пет внимателно избрани сценски остварувања, со реномирани театри, одлични актери и различни драмски жанрови – од современи драмски текстови и наградувани претстави, до магично шоу за најмладите. ?✨
? ПРОГРАМА (Претставите започнуваат во 20:00 ч.):
• 14 август (петок): „Кармен“ – Драмски театар Скопје (Режија: Дејан Пројковски) (За публика над 16 години)
• 18 август (вторник): „Знаме и куфер“ – Театар за тебе, Скопје (Режија: Изабела Јакимова) (За публика над 16 години)
• 19 август (среда): „Синиот портокал“ – НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес (Режија: Александар Ивановски) (За публика над 16 години)
• 21 август (петок): Магионичарско шоу – Кристијан Шопов – Кико Магико (За сите возрасти / Детска програма)
• 23 август (недела): „ЈЗУ Европа“ – НУ Театар „Ацо Шопов“ – Штип (Режија: Кристина Атанасова) (За публика над 16 години)
?Организатор на манифестацијата е Општина Неготино во соработка со Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчевʼʼ- Неготино.
?️ Влезот за сите настани е слободен.