Од 14 до 23 август, НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино го најавува ревијалното издание на Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“, како дел од програмата „Културно лето Неготино 2026“.
Нашата сцена ќе биде домаќин на пет внимателно избрани сценски остварувања, со реномирани театри, одлични актери и различни драмски жанрови – од современи драмски текстови и наградувани претстави, до магично шоу за најмладите. 

• 14 август (петок): „Кармен“ – Драмски театар Скопје (Режија: Дејан Пројковски) (За публика над 16 години)
• 18 август (вторник): „Знаме и куфер“ – Театар за тебе, Скопје (Режија: Изабела Јакимова) (За публика над 16 години)
• 19 август (среда): „Синиот портокал“ – НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес (Режија: Александар Ивановски) (За публика над 16 години)
• 21 август (петок): Магионичарско шоу – Кристијан Шопов – Кико Магико (За сите возрасти / Детска програма)
• 23 август (недела): „ЈЗУ Европа“ – НУ Театар „Ацо Шопов“ – Штип (Режија: Кристина Атанасова) (За публика над 16 години)
