Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од Админ
Категорија:

 На 21.02.2017 година (вторник) во Центарот за култура Неготино ќе се одбележи

„Меѓународниот ден на Мајчиниот јазик“ , со литературно читање 

од страна на ученици од локалните Основни училишта од Неготино.

Почетокот на настанот е од 18:00 часот во Фоајето на Центарот за култура.

Ги покануваме сите граѓани кои се во можност да присуствуваат на овој настан.

Напишано од НУЦК
Категорија:

Театарска претстава "ЖЕНИДБА" од Николај Гогољ во режија на Ѓорѓи Ташулов и изведба на членовите на Аматерскиот театар на Центарот за култура "Ацо Ѓорчев".

Напишано од НУЦК
Категорија:

„Музичко патување“

Виртуозите од „Пијано Трио“ — Татијана Петрушевска, Марјан Милошевски и Петар Макариевски, приредија вистинско музичко доживување за сите љубители на класичната музика.
Настанот помина во прекрасна✨ и топла атмосфера, а присутните уживаа во извонредните изведби на делата од Моцарт, Ѓумар, Иванов и останатите композитори.
 
 
Напишано од НУЦК
Категорија:

Аматерскиот театар при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино се враќа во полн сјај на сцената!

Извонредниот театарски ансамбл со огромен успех ја реализираше претставата „Што виде батлерот“ од Џо Ортон, во режија на Златко Цветковски, доживувајќи дури 6 успешни репризи пред задоволната публика. ✨

 Упатуваме огромна благодарност до Министерството за култура и туризам кое го препозна квалитетот и го одобри овој значаен проект за нашата локална културна сцена!

Честитки до целиот тим и до верната публика која секогаш е наш најголем ветар во грб!

Наскоро се гледаме со нови театарски магији!

#Театар #Култура #Неготино #АцоЃорчев #Претстава #ТеатарскиЖивот