Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 01.04.2019 год. ( понеделник ) со почеток од 20:00 час. во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино театарска претстава на аматерскиот театар од Валандово со претставата Пиреј од Петре М. Андереевски, во режија на Кире Ѓорѓиев влез: 100 ден. 

 

 

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 27.03.2019 год. (среда) аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија ќе се претстави со театарската претстава за деца „Црвените чизмички“, првата претстава ќе се организира за Основното училиште „Гоце Делчев“ со почеток од 15:30 час. а втората со почеток од 17:00 час. за Основното училиште „Страшо Пинџур“. Претставите се финансиски поддржани од Општина Неготино.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 18 и 19 март 2019 година со почеток од 19:00 час. во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува филмот „Помош ги смалив родителите“, влез 100 денари. За првите 10 посетители влезот е бесплатен!

Help, I Shrunk my parents (Помош, ги смалив родителите)

Кратка содржина: Училиштето Феликс повторно се прогонува, само овој пат тоа не е добронамерниот дух
на основачот на училиштето Ото Леонард и непријатността што ја предизвика, туку омразениот и долго време
мртов директор Хулда Стингбеард. Феликс, Ела и нивната банда мораат да ги постават лостовите во движење
за да го спасат училиштето и повторно да го вратат д-р Шмит-Гесененвејн и неговите родители
во нивната оригинална големина.

Времетраење / Runtime: 93’
Режија / Director: Tim Trageser
Држава/ Country: Германија/ Germany
Година/ Year: 2018
Жанр
/ Genres: Акција, Авантура, Комедија/ Action, Adventure, Comedy

Дистрибутер: Узенгија ДООЕЛ

линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt6818140/
линк од трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=xluPP5oys4c

Напишано од НУЦК
Категорија:

Бојан Велевски со нов материјал во Неготино!

20.03.2019 со почеток од 20 часот влез: 150 денари. 

Напишано од НУЦК
Категорија:

Интерактивен алтернативен театарски перформанс. Несекојдневно доживување во кое публиката станува дел од приказните на актерите. Дојдете си на театарско дружење каде не постои класичниот невидлив ѕид помеѓу публиката и актерите. Низ забава проживејте го секој момент во едночасовното постоење со актерите.
Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас.
Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене.
Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. 

  

                     

 

Автор и режија: Теа Беговска

Актери: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров
Автор на музика: Енес Беговски
Дизајн на плакат: Стефани Христов