Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 28.11.2018 (среда) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - „Хесус“, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!

Хесус“ (2016)  во режија на Фернандо Гузони, 86 минути

„Хесус“ – чилеанска драма-трилер за генерациската разлика и неморалниот живот на тинејџерите, филмот во официјална конкуренција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто и др.

Кратка содржина:  
Сантијаго, Чиле. Хесус, 18, живее сам со неговиот татко Хектор во станот каде што телевизорот ја надоместува нивната неспособност да комуницираат. Остатокот од времето, тој танцува во бенд, се дружи со пријателите и се дрогира, гледа неморални видеа и има секс на јавни места, трагајќи по возбуда. Една ноќ, заедно со неговите пријатели, станува дел од непоправлива несреќа. Овој настан ќе ги зближи Хесус и Хектор како никогаш порано, но истовремено и ќе ги уништи засекогаш.

 

Дистрибутер на филмот е Катавеј Дооел.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 27.11.2018 (вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - Хотел Југославија, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!

Хотел Југославија (2017) - документарен филм, 78 минути
Кратка содржина:  
Документарниот филм „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер од Швајцарија е патување низ времето и просторот на зградата. Режисерот, кој е Југословен по мајка, но роден во Швајцарија, ја истражува колективната потсвест, како и делови на сопствениот идентитет.

- Изграден во Нов Белград во 1969 година, хотелот „Југославија“ беше митско место. Тој беше и симбол и сведок на разните моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ, од социјализам до национализам, од бомбардирањата на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес, тој сѐ уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на едно српско општество во потрага по нови достигнувања.

 Филмот е претставен на многу фестивали: Сао Пауло, Берлин, Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Тајван и други. 

 

Дистрибутер на филмот е Катавеј Дооел.  

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 08.11.2018 година (четврток) на празникот „8ми Ноември“ - Ден на Општина Неготино пред почетокот на Свечената седница во холот на Центарот за култура „Ацо Ѓорев“ Неготино, ќе се организира ликовна изложба на нашиот сограѓанин кој Атанас Јанев аматер и голем вљубеник во ликовната уметност. Атанас ќе ни се претстави со неговите прекрасни ликовни дела кои ги твори со години наназад, а ги има во огромен број.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 26.11.2018 (понеделник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - Хотел Гагарин, влез 50 денари.

Хотел Гагарин“ (2018) во режија на Симоне Спада (италијанска комедија), 94 минути

Кратка содржина:
„Хотел Гагарин“ е приказна за петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса се испратени да снимат филм во Ерменија. Но, кога ќе пристигнат таму, избувнува војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, кој се наоѓа длабоко во шумата и затрупан под снег, наоѓаат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа.

 

Продуцентот на филмот бил номиниран за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари. 

Дистрибутер на филмот е Катавеј Дооел.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 07.11.2018 година (среда) со почеток од 19:00 часот во очи на празникот „8ми Ноември“ - Ден на Општина Неготино ќе се одржи театарската претстава „Умри Машки“ во изведба на аматерскиот театар при Домот на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија, влез само 50 денари. Не пропуштајте!