Денови на Македонскиот Филм и Денови на „Ацо Ѓорчев“, во Центарот за култура ќе се прикажуваат македонски филмови, а за истите влезот е слободен. На ден 19 септември (среда) од 18:00 час. ќе се прикажува филмот „Златна петорка“ , а од 20:00 час. ќе се прикажува филмот „Среќна нова 49та“ во чест на нашиот најпознат актер по кој го носиме и името „Ацо Ѓорчев“ во проектот „Денови на Ацо Ѓорчев“. На ден 20 септември (четврток) ќе се пикажува филмот „Ах љубов моја“ од 19:30 час. Ги покануваме сите вљубеници во на филмската уметоност да дојдат и да ги проследат филмовите кои ќе се прикажуваат бесплатно во киното на Центарот за култура преку проектот Денови на македонскиот филм, кој е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.