На 27.11.2018 (вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува филмот - Хотел Југославија, влез 50 денари. Ве известуваме дека за првите 20 лица кој ќе остават коментар на фејсбук, доделуваме гратис влезници! Не пропуштајте!
- Изграден во Нов Белград во 1969 година, хотелот „Југославија“ беше митско место. Тој беше и симбол и сведок на разните моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ, од социјализам до национализам, од бомбардирањата на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес, тој сѐ уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на едно српско општество во потрага по нови достигнувања.
Филмот е претставен на многу фестивали: Сао Пауло, Берлин, Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Тајван и други.