Интерактивен алтернативен театарски перформанс. Несекојдневно доживување во кое публиката станува дел од приказните на актерите. Дојдете си на театарско дружење каде не постои класичниот невидлив ѕид помеѓу публиката и актерите. Низ забава проживејте го секој момент во едночасовното постоење со актерите.
Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас.
Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене.
Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе.
Автор и режија: Теа Беговска
Актери: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров
Автор на музика: Енес Беговски
Дизајн на плакат: Стефани Христов