Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 19 и 20 февруари (среда и четврток) со почеток од 19:30 часот. во киното на Центрот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино премиерно ќе се прикажува најновиот македонски игран филм - „Дедо и Внук“, влез 100 денари. 

„Дедо и внук“ во Охрид: Емотивна приказна со длабока порака

Кратка содржина :

После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато. 

youtube линк

https://www.youtube.com/watch?v=OXWgtjbeirI&feature=youtu.be

Facebook линк

https://www.facebook.com/grandfatherandgrandson/

Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па гледачите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели. Според Пиперкоски,  уметноста не треба да се занимава со големи теми, туку со мали, навидум секојдневни приказни на обичниот човек. Големите приказни се во малите мигови....

Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Друм фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

 (Крај)

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 5 и 6 февруари 2020 година ( среда и четврток) со почеток од 19:30 часот повторно во киното на Центарот за култура Неготино ќе се прикажува филмот „Медена земја“, сите оние коишто немаа можност да го проследат овој извонреден документарец  номиниран за 2 оскари, ги покануваме да го проследат истиот! Влез:100 денари.

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 30 јануари во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се одржи премиера на европскиот документарен филм „Каде си Жоао Жилберто“, со почеток од 19:30 , влез: 100 денари.

 

 

Кратка содржина

Филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно трага по

легендарниот основач на жанрот боса нова, бразилскиот музичар Жоао Жилберто, кој со

децении не бил виден во јавност. Фишер своето патешествие го опишал во книгата

„Хобалала“, но извршил самоубиство една недела пред да излезе во печат. Преземајќи ја

мисијата на Марк Фишер, следејќи ги неговите чекори еден по еден, благодарение на

трагите што ни ги има оставено, го следиме Жоао Жилберто за да ги сфатиме историјата,

душата и суштината на боса новата. Но кој може да знае дали ќе го запознаеме или не?  

 

Времетраење: 107 мин

Земја: Швајцарија, Франција, Германија 

Режија: Georges Gachot

Сценарио: Georges Gachot

Дистрибутер: KТ Филм и Медиа

Линк од трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=9lZ0M0o4Ahk&feature=emb_title

Линк од IMDB: https://www.imdb.com/title/tt8297816/?ref_=nv_sr_srsg_0

Напишано од НУЦК
Категорија:

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центарот за култура од Неготино „Ацо Ѓорчев“ организираат изложба со наслов “Descubre Sefarad” (Патот на Сефардите) која се состои од 20 фотографии. Магичното патување низ градовите Авила, Кордоба, Толедо, Овиедо, Рибадавија и 13 други градови во убавата Шпанија е претставено низ фотографии кои зрачат со спокојство и хармонија. Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е создавач на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград ,Токио и Скопје. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија.