Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Центарот за култура од Неготино „Ацо Ѓорчев“ организираат изложба со наслов “Descubre Sefarad” (Патот на Сефардите) која се состои од 20 фотографии. Магичното патување низ градовите Авила, Кордоба, Толедо, Овиедо, Рибадавија и 13 други градови во убавата Шпанија е претставено низ фотографии кои зрачат со спокојство и хармонија. Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е создавач на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград ,Токио и Скопје. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија.
Ве покануваме на 42 - от Годишен концерт на КУД Јане Сандански Неготино при НУ Центар за Култура Ацо Ѓорчев Неготино. Како и секоја година во духот на традицијата КУД Јане Сандански ќе се претстави со комплетни нови сценски адаптации, кореографски содржини и вокално инструментални сегменти од македонската традиционална култура. Ве очекуваме да дојдете и да го погледнете сработеното од цела 2019 година.
МЕСТО НА НАСТАН : НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА НЕГОТИНО, ВЛЕЗ : 100 ДЕНАРИ 14.12.2019 год. (сабота)