На 18 и 19 март 2019 година со почеток од 19:00 час. во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се прикажува филмот „Помош ги смалив родителите“, влез 100 денари. За првите 10 посетители влезот е бесплатен!
Help, I Shrunk my parents (Помош, ги смалив родителите)
Кратка содржина: Училиштето Феликс повторно се прогонува, само овој пат тоа не е добронамерниот дух на основачот на училиштето Ото Леонард и непријатността што ја предизвика, туку омразениот и долго време мртов директор Хулда Стингбеард. Феликс, Ела и нивната банда мораат да ги постават лостовите во движење за да го спасат училиштето и повторно да го вратат д-р Шмит-Гесененвејн и неговите родители во нивната оригинална големина.
На 15 март 2019 (петок) со почеток од 20:00 часот во -Арт Галеријата- на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира изложба на слики од м-р Владимир Темков, академски сликар од Кавадарци. Ги покануваме сите љубители на ликовната уметност да присуствуваат на оваа изложба.
Интерактивен алтернативен театарски перформанс. Несекојдневно доживување во кое публиката станува дел од приказните на актерите. Дојдете си на театарско дружење каде не постои класичниот невидлив ѕид помеѓу публиката и актерите. Низ забава проживејте го секој момент во едночасовното постоење со актерите. Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас. Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене. Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе.
Автор и режија: Теа Беговска
Актери: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров Автор на музика: Енес Беговски Дизајн на плакат: Стефани Христов
На 14 и 15.03.2019 (четврток и петок) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува играниот филм „Море од жито“, влез: 100 денари.
FRECKLES - MARE DI GRANO (Море од жито) Кратка содржина: Осумгодишниот Адам се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители. Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.
Времетраење / Runtime: 81’ Држава / Country: Италија / Italy Режија / Director: Fabrizio Guarducci Година/ Year: 2018
Жанр/ Genres: Фамилијарен/ Family