Даме Груев бб,
1440 Неготино

Напишано од НУЦК
Категорија:

Интерактивен алтернативен театарски перформанс. Несекојдневно доживување во кое публиката станува дел од приказните на актерите. Дојдете си на театарско дружење каде не постои класичниот невидлив ѕид помеѓу публиката и актерите. Низ забава проживејте го секој момент во едночасовното постоење со актерите.
Кој сум јас? Што сум јас? Сам, самиот со себе сум. Тој сум јас.
Театарски перформанс кој зборува за човечката осаменост, за љубовта, за тоа колку се сакаме себе си, колку го сакам другиот до мене.
Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе. 

  

                     

 

Автор и режија: Теа Беговска

Актери: Никола Кузелов, Надица Петрова, Даријан Петров
Автор на музика: Енес Беговски
Дизајн на плакат: Стефани Христов

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 15 март 2019 (петок) со почеток од 20:00 часот во -Арт Галеријата- на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе се организира изложба на слики од м-р Владимир Темков, академски сликар од Кавадарци. Ги покануваме сите љубители на ликовната уметност да присуствуваат на оваа изложба.

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 11 и 12 март (понеделник и вторник) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува играниот филм „Тегла полна живот“, влез: 100 денари.

A Jar Full of Life (Тегла полна живот)

Кратка содржина: Марлен е млада жена чијшто живот сѐ уште не почнал. Веќе во своите рани дваесетти, таа сѐ уште живее со родителите и нема никакви цели и аспирации. Заглавена во монотонија од којашто не гледа излез, дури и нејзиниот сакан постар брат не може да ја спаси од нешто што ѝ личи на вечна криза. Кога ќе ја разбуди една лична трагедија, Марлен тргнува во авантура за којашто очигледно не е спремна: брод ја чека во Хамбург за да ја однесе до Антарктикот. Но, како ли ќе стигне до таму со само осум евра во џебот? Тоа е почетокот на едно епско патување, кое е исто толку духовито колку и емотивно.

Времетраење / Runtime: 95’
Режија / Director: Florian Ross
Држава/ Country: Германија/ Germany
Година/ Year: 2018
Жанр
/ Genres: Комедија, Драма/ Comedy, Drama
Дистрибутер: Катавеј ДООЕЛ


линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt7333070/?ref_=nv_sr_1
линк од трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=o-5Dd1sYWZc

 

Напишано од НУЦК
Категорија:

На 14 и 15.03.2019 (четврток и петок) со почеток од 19:00 часот ќе се прикажува играниот филм „Море од жито“, влез: 100 денари.

FRECKLES - MARE DI GRANO (Море од жито)

Кратка содржина: Осумгодишниот Адам се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители. Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.

Времетраење / Runtime: 81’
Држава / Country: Италија / Italy
Режија / Director: Fabrizio Guarducci
Година/ Year: 2018
Жанр
/ Genres: Фамилијарен/ Family

 

Дистрибутер: КТ Филм и Медиа ДООЕЛ

линк од imdb: https://www.imdb.com/title/tt5652992/?ref_=fn_al_tt_1
линк од трејлер: https://www.youtube.com/watch?v=xy1Og0tF--E