Концерт на класична музика на Тоше Поп-Лазаров од Радовиш (Магистар по пијано) во НУ центар за култура „АЦО ГОРЧЕВ„ - НЕГОТИНО со почеток од 19:30 часот.
Пред публиката ке се претстави со Концерт- Програма составена од композициите
1.„Хроматска фантазија и фуга„ од Ј.С.Бах
2,„Соната за пијано „ од Ј.Хајдн
3,„Соната Реминисценза(Sonata Reminiscenza OP.38,No1) од Николаи Метнер
4,„Седум балкански Игри „од Марко Тајќевиќ
Влез слободен, повелете на овој несекојдневен настан.
(Тоше Поплазаров е роден 28,10,1993г во Радовиш, Основно музичко има завршено во Радовиш,Средно музичко во ДМУЦ„Сергеј Михајлов „Штип, Дипломира и Магистрира со висок просек изведувач на Појано на ФМУ при УКИМ Скопје во класата на професор мр-Рита Поповик , во досегашните настапи има освоено повеке високи награди на републичко и балканско ниво.)
Овој настан е подржан од Министерство за култура на Р.М.
Денови на Македонскиот Филм и Денови на „Ацо Ѓорчев“, во Центарот за култура ќе се прикажуваат македонски филмови, а за истите влезот е слободен. На ден 19 септември (среда) од 18:00 час. ќе се прикажува филмот „Златна петорка“ , а од 20:00 час. ќе се прикажува филмот „Среќна нова 49та“ во чест на нашиот најпознат актер по кој го носиме и името „Ацо Ѓорчев“ во проектот „Денови на Ацо Ѓорчев“. На ден 20 септември (четврток) ќе се пикажува филмот „Ах љубов моја“ од 19:30 час. Ги покануваме сите вљубеници во на филмската уметоност да дојдат и да ги проследат филмовите кои ќе се прикажуваат бесплатно во киното на Центарот за култура преку проектот Денови на македонскиот филм, кој е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.
На барање на љубителите на театарот од Неготино, на 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата е работена според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар. Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева. Претставата ова лето доживеа премиера во Кавадарци, а во вторник (11 септември) ќе гостува во нашиот град. Овој културен настан е финансиран од Општина Неготино, а логистичката и техничката поддршка е на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, влез само 50 денари.
На 13.09.2018 год. (четврток) во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино со почеток од 19:30 час. ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија„ , влез: 50 ден.
Кратка содржина
Изграден во Нов Белград во 1969 година, Хотел
Југославија беше митско место. Тоа беше и симбол и
сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна
Југославија: Од Тито до Мичошевиќ; од социјализам во
национализам; од бомбашките напади на НАТО до
корумпиран економски либерализам. Денес се уште го
прогонува Белградскиот пејсаж, како одраз на српското
Повторно и оваа година Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ја организира традиционалната манифестација „Неготинска поетска вечер“ 2018 во прекрасниот амбиент на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ Неготино. На овој настан кој веќе неколку години наназад го организираме во очи на големиот
државен празник „8ми Септември“ учество ќе земат повеќе поети од Неготино и од повеќе градови на Република Македонија. Ве покануваме на 7 септември петок од 19:00 час. во дворот на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ да присуствувате на овој настан.