На барање на љубителите на театарот од Неготино, на 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата е работена според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар. Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева. Претставата ова лето доживеа премиера во Кавадарци, а во вторник (11 септември) ќе гостува во нашиот град. Овој културен настан е финансиран од Општина Неготино, а логистичката и техничката поддршка е на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, влез само 50 денари.