Даме Груев бб,
1440 Неготино

На 13.09.2018 год. (четврток) во киното на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино со почеток од 19:30 час. ќе се прикажува филмот „Хотел Југославија„ , влез: 50 ден.

Кратка содржина

Изграден во Нов Белград во 1969 година, Хотел

Југославија беше митско место. Тоа беше и симбол и

сведок на разни моменти што ја обликуваа поранешна

Југославија: Од Тито до Мичошевиќ; од социјализам во

национализам; од бомбашките напади на НАТО до

корумпиран економски либерализам. Денес се уште го

прогонува Белградскиот пејсаж, како одраз на српското

општество во потрага по нови пресвртници.

Линк од филмот: https://www.imdb.com/title/tt7099756/

Линк од youtube: https://www.youtube.com/watch?v=6yGULRCjPUA

На барање на љубителите на театарот од Неготино, на 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата е работена според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар. Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева.  Претставата ова лето доживеа премиера во Кавадарци, а во вторник (11 септември) ќе гостува во нашиот град. Овој културен настан е финансиран од Општина Неготино, а логистичката и техничката поддршка е на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино, влез само 50 денари.

Повторно и оваа година Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ја организира традиционалната манифестација „Неготинска поетска вечер“ 2018 во прекрасниот амбиент на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ Неготино. На овој настан кој веќе неколку години наназад го организираме во очи на големиот

државен  празник „8ми Септември“ учество ќе земат повеќе поети од Неготино и од повеќе градови на Република Македонија. Ве покануваме на 7 септември петок од 19:00 час. во дворот на Манастирот „Св.Ѓорѓи“ да присуствувате на овој настан.

Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, за прв пат ја организира манифестацијата „Неготински Серенади“ на која учество ќе земат повеќе музички групи од Македонија. Настанот ќе се одржи на 18 септември со почеток од 19:00 часот во салата на Центарот за култура Неготино, ве покануваме да присуствувате на истата, влез слободен.