Даме Груев бб,
1440 Неготино

НАЈДОБАР ГЛАС 2018

Во Центарот за култура на 30 април повторно ќе се одржи традиционалната манифестација НАЈДОБАР ГЛАС 2018, на овој настан учество ќе земат млади талентирани изведувачи на забавна и народна музика, гости на вечерта ќе бидат Александар Мојсовски и Ѓоко Ѓорчев. Манифестацијата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија и од Општина Неготино. 

Не пропуштајте!

 

Филмот GOLIATH - ГОЛИЈАТ

Во киното од среда 25 април  до  петок 27 април од 20:00 часот.

Влез: 50 ден. Се доделуваат 60 бесплатни билети заинтересираните можат да ги подигнат во билетарата пред кино претставата!

СТЈУАРДЕСИ

Поради голем интерес на барање на публиката, повторно на 24 април (вторник) со почеток од 19:30 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино ќе ни гостува Театaрот од Кавадарци со урнебесната комедија „СТЈУАРДЕСИ“  не пропушатјте да ја погледнете оваа претстава!

 

СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА

Центарот за култура во соработка со Основното училиште „Гоце Делчев“ Неготино по повод светкиот ден на книгата организира ликовна работилница и ликовна изложба во фоајето на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино со почеток од 18:00 часот.