15.03.2022 година (вторник) од 19:00 час. Најновата копродукција на ЦРНА МАЧКА ПРОДУКЦИЈА, Косовскиот кандидат за Оскар, филмот ,,УЛИШТЕ,, својата Светска премиера ја имаше во рамките на Sundance каде освои три награди и тоа International Feature Film Grand Prix, Best Director Award, Sundance FF Audience Award.
По светската премиера во САД, каде што беше одлично прифатен од публиката, филмот имаше богат интернационален фестивалски живот освојувајќи повеќе од 15 награди и стекна номинација на кандидат за Оскар за неанглиско говорно подрачје каде влезе во потесен круг на селекција.
Кратка содржина
,,Фахрија, жена чиј сопруг е исчезнат од војната во Косово, започнува мал бизнис со пчеларство за да го обезбеди своето семејство во традиционална патријархална средина непријателска на нејзиниот обид за независност. Нејзиниот бизнис започнува добро, но се чини дека пчелите во нејзините кошници се агресивни кон неа. Во своето патување да склучи мир со пчелите, таа започнува да се помирува и со себе, овозможувајќи и да се засили во нова ситуација..’’
Сценариoтo и режијата се на Блерта Башоли, директор на фотографија е Алекс Блум, сценографијата е на Влатко Чачоровски, костимографијата е на Фјорела Мирдита и Хана Зега, а монтажата на Феликс Сандри и Енис Сарачи. Продуцент на филмот е Валон Бајгора, Агон Ука и Јил Ука,а ко-продуценти се Кристијан Буровски, Томи Салковски Паскал Семини, Брита Ринделауб.
Улогите ги толкуваат: Улка Гаши, Чун Лајчи, Аурита Агуши, Кумрије Хоџа, а македонските актери кои глумат во филмот се Адем Карага, Зарије Јонузи Челику и Шелким Ислами
УЛИШТЕ е копродукција помеѓу Иконе Студио од Косово, Индиструја филм од Косово, Црна мачка продукција од С.Македонија, Алба скај од Албанија и Алва филм продукција од Швајцарија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на РСМ
Филмот својата македонска премиера ја имаше на 21. Фестивалот на Европски Филм Синедејс.